18 Декември, 2025
0.2943

Нема пари за сметките за струја – исклучени се 350 илјади грчки домаќинства!

Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2013 19:07

Добивај вести на Viber

На околу 350 илјади грчки домаќинства им е исклучена струјата. Како што објави весникот „Имерисија“, поради неплатени сметки Националната електроенергетска компанија, се реши за овој чекор. Притоа бројот на домаќинства со неплатени сметки пораснал за околу 15 проценти во однос на првите години на кризата, кога на беа исклучувани околу 300 илјади домаќинства. Истовремено загубите на електроенергетската компанија од кражби на трансформатори и кабли стигнува до 20 милиони евра годишно, а многу Грци се откажале од услугите на електроенергетската компанија поради затворање на претпријатијата по што останале без работа. Минатата седмица судот го ослободуи и „грчкиот Робин Худ“, активистот кој им ја приклучуваше струјата на домакинствата -неплаќачи и тоа бесплатно. Така, според изнесените податоци, судот пресудил дека струјата е „основно општествено добро“ по што дал ослободителна пресуда. Како што потсетија грчките медиуми, од  2011 година во местото Верија во северна Грција групата активисти спровела десетици интервенции за поврзување на каблите за струја кај домаќинства кои немаат пари да платат. Никос Асланоглу или грчкиот Робин Худ сепак изјавил  дека неговата група ќе продолжи со свои интервенции во куќи каде луѓето повеќе немаат пари за сметки.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии