Нема персоналец и данок на добивка за погодените фирми
Објавено во: Економија 26 Март, 2020 07:08
Државата нема да им наплаќа данок на личен доход односно персоналец за март, април и мај на фирмите кои остваруваат доход од самостојна дејност а кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19. Нема да плаќаат и аконтации за данокот на добивка за тие месеци сите компании кои се во с екторите кои се најпогодени од оваа криза. Владата вчера доцна попладнето донесе нови уредби кои се однесуваат на даночни измени.
Според уредбата право на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход ќе имаат угостителите, фирмите за организирање и послужувањ ехрана, но и туристички агенции, транспортните фирми. Сите ќе бидат ослободени ако не го намалат бројот на вработени. Освен за овие фирми мерката ќе биде со важност и за други сектори кои не се набројани но за кои ќе се утврди дека имаат претрпено штети во своето работење.
За да ја имаат поволноста треба да имаат намалени приходи од најмалку 40 отсто во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 отсто во однос на истиот период претходната година. ослободување следува и ако даночниот обврзник затвори најмалку половина од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).
Ослободување од аконтациите на данок на добивка ќе имаат истите компании односно најпогодените сектори. Треба да не носат одлуки за исплаат на дивиденди и други награди и бонуси и да не го намалуваат бројот на вработени.
Управата за јавни приходи повеќе нема да објвува листа на должници.
Владата вчера ја усвои и уредбата за оленсување на кредитните услови за граѓаните и за фирмите. Фактор претходно пишуваше дека банкарите чекаат на уредбата за да почнат да ги кројат условите и олеснувањата.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




