19 Мај, 2024
0.0261

Нема повеќе да има злоупотреби на нормираниот учинок, Уставниот суд го укина

Објавено во: Економија 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Нормираниот учинок повеќе нема да биде услов за исплата на минималната плата. Сојузот на синдикати на Македонија информира дека Уставниот суд ги укинал членовите од законот во делот за нормираниот учинок. Со ова, според ССМ, ќе се овозможи правна сигурност во примената на Законот за минимална плата и исплатата на минималната плата за сите работници во државата.

„Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија на седница одржана на 18 април 2018 год со Одлука У. Бр. 133/2017-1 ги укина член 2 став 1 во делот: „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2012, 30/2014, 180/2014, 81/2015, 129/2015 и 132/2017)“, се вели во денешното соопштение од ССМ.

ССМ поведе постапка за оценка на уставноста на одредбите од Законот за минимална плата во кој е наведено дека работодавачот е должен да му исплати на работникот најнизок месечен износ на основна плата која според законските одредби не зависи само од извршената работа во полно работно време, туку и од исполнетиот нормиран учинок, кој го утврдува работодавачот. Несогласување со тоа минималната плата да биде условена од нормираниот учинок, ССМ искажуваше и во текот на постапката за донесување на измените на Законот за минимална плата. Освен на седница на Економско-социјалниот совет, ССМ своето несогласување го изрази и со писмен допис до МТСП и Министерството за финансии.


Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија