22 Мај, 2018
0.3858
    ALK 8079.77    -0.23%     GRNT 725.79    -2.33%     KMB 4342.88    -0.71%     MPT 30833.43    2.72%     OHB 6450    -0.75%     PKB 12500    0.01%     RMDEN16 95.5    0%     RZLV 45    2.27%     RZUS 130    4.15%     STB 1013.24    -0.91%     STBP 1108.01    0.47%     STIL 132.23    -0.56%     TKVS 3990    3.22%     TNB 13500.82    -1.58%     TPLF 1606.85    2.09%     TTK 857.29    -0.32%     UNI 2420    0%     ZILU 245    2.94%

Нема правда нема мир во верзија на Никола Груевски

Објавено во: Анализа 04 Декември, 2017

Груевски на вчерашниот марш при обраќањето на присутните од пред Владата практично можеше да го искористи целосниот слоган нема правда нема мир кој го користеа демонстрантите од Шарената револуција напаѓајќи ја токму неговата власт. Груевски како вистински опозиционер најпрво ги броеше сите грешки на новата влада предводена од Заев и сите нанесени неправди во економската политика со бројни грешки како и во кадровската политика каде главен предуслов било носителите на функции да се припадници токму на Шарената револуција.

Потоа Груевски премина на суштината и ги истакна конкретните барања на ВМРО-ДПМНЕ за главната цел поради која и излегуваат на протести, а тоа е закон за амнестија на учесниците во крвавите настани на 27 април. 

Груевски е малку нејасен по ова прашање бидејќи вели ем дека поединци направиле грешка со нападот врз пратеници за што на сите повредени им укажа сочуство, но од друга страна за познатите имиња како и пратениците и полициските службеници кои се најдоа во притвор смета дека треба да бидат ослободени од било каква одговорност. 

„На 27-ми април незаконски а со тоа и неправедно се назначи претседател на парламентот, се чини свесно темпирано токму во време кога сите знаеја дека се одржува едночасовниот протест на граѓаните пред парламентот кои што претходно 59 дена мирно протестираа. Очигледно со намера да се постави стапица на револтираниот народ.  Потоа се случија несакани работи. И денес многу невини луѓе страдаат, а тензиите во општеството растат. Затоа, со сета осуда на насилството од поединци, со целосно сочувство кон оние кои беа физички нападнати и повредени, но земајќи ги во обзир и грешните чекори на власта ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија на учесниците од инцидентот на 27-ми април 2017тата и почеток на период на национално помирување, затоа што овој реваншизам не не води никаде. Доста е“, потенцираше Груевски.

Главна причина за тоа е што биле патриоти и си ја бранеле државата, но прашањето е од што ја бранеле и на каков начин. Груевски додаде и дека политичкиот реваншизам нема да доведе ништо добро и треба да му се стави крај, но повторно заборава дека за да има реваншизам тоа значи дека неговата страна истото и го правела на опозицијата порано за сега СДСМ да и врати.

„Бараме слобода за патриотите. Бараме слобода за неправедно притворените. Потребно е национално помирување. Потребно е да се запре со неправдите. Да запрат политичките прогони. Да запрат хајките и местенките, притисоците и заплашувањата. Да запрат неправдите во Македонија“, рече Груевски.

Ова е еден од можеби последните говори на Груевски кој најави оставка од лидерската позиција на партијата иако на маршот имаше скандирања „Нема оставка“, но тоа е веќе помалку реално за да остане и натаму на првото место на партијата поради притисокот за промени во делувањето и реформи. Сепак, со вака поставените насоки ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе мора да води „инает“ со власта наместо да покаже поголем конструктивизам и да дозволи институциите на системот конечно да профункционираат и правната држава да го заземе своето место без политички тензии и нови општествени конфронтации.

Автор: Христијан Станоевиќ