Нема проблеми на граничните премини за „викендашите“
Објавено во: Македонија 06 Април, 2018 10:25
За излез од земјава на јужната граница кон Грција кај преминот Богородиа, засега нема никаков застој или „трупање“ на колони на возила како што вообичаено се случува за време на продолжени празнични викенди.
– Од шесте расположливи сообраќајни ленти за излез од земјава функционираат три, но сообраќајот е речиси секојдневен и задржувањето на возилата кои се главно од Македонија е само пет минути колку што се потребни за контрола на документите, изјави заменик-командирот на граничната полиција, Мирјана Костадинова.
Поголема фреквенција на возила не се бележи ниту за влез во земјава. Зголемување на интензитетот на сообраќајот може да се очекува во понеделник попладне кога оние кои заминале за Грција ќе се враќаат дома.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




