18 Декември, 2025
0.0510

Нема сознанија за специјална војна против Хрватска, вели Пленковиќ

Објавено во: Балкан 25 Септември, 2025 18:31

Добивај вести на Viber

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека нема никакви сознанија дека африканската свинска чума е резултат на специјална војна против Хрватска.

Министерот за земјоделство на Хрватска, Давид Влајчиќ, во вторникот пред новинарите во Осјек изјави дека не може да ја исклучи тезата дека против Хрватска се води „специјална војна“ со африканската свинска чума.

Тој рече дека во Хрватска таа болест била ставена под контрола од 2023 година, а дека „жаришта на заразата оваа година се создадоа во Србија каде што болеста брзо се ширеше, а потоа кај нас се појавуваат точкасти жаришта“.

- Сами заклучете. Ништо не сакам да исклучам, рече Влајчиќ.

Пленковиќ денеска на новинарско прашање за тврдењата на коалициските партнери во Владата од десничарското Татковинско движење, одговори дека „немаме никакви сознанија ниту докази дека се работи за каква било специјална војна“, пренесе хрватската телевизија Н1.

По отворањето на новата делница од тунелот Учка, Пленковиќ во изјава за новинарите потсети дека Хрватска и пред две години се соочувала со проблемот на африканската свинска чума.

- Ќе имаме координациски состанок на сите ресори за да помогнеме на напорите на Министерството (за земјоделство), на луѓето на теренот, за да го ограничиме и сузбиеме ширењето на болеста, нагласи Пленковиќ, кој е и претседател на владејачката Хрватска демократска заедница.

Тој рече дека појавата на африканската свинска чума не претставува загрозување на националната безбедност.

Хрватскиот премиер нагласи дека поради појавата на африканската свинска чума не треба да се поведува некаква истрага за „специјална војна“, бидејќи тогаш истрагата можела да биде иницирана и пред две години кога ја имало таа болест.

Пленковиќ укажа дека вирусот постои и во соседните земји и заклучи дека на сите фарми треба да се подигне нивото на био-безбедност.

Фото: Пленковиќ, Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии