20 Декември, 2025
0.0443

Нема трошок од половина милијарда: Скопје 2014 засега чини „само“ 208 милиони евра

Објавено во: Економија 22 Април, 2013 20:41

Добивај вести на Viber

Проектот „Скопје 2014“  засега чини речиси 208 милиони евра. Конечната сума не е позната бидејќи дел од проектите сеуште се работат.

Иако според првичните најави од пред пет години„Скопје 2014“ требаше да чини околу 80 милиони евра, министерката за култура, Елизабеа Канческа-Милевска се правдаше дека цената е речиси тројно поголема поради фактот што дел од објектите воопшто не биле ставени во првичниот план, туку подоцна било решено тие да се градат.

„Оваа собрана сума сега од 207.872.492 евра е надоградување, проширување на првичната визуелизација, но не се 500 милиони или една милијарда евра, како што се слуша во средствата за јавно информирање. Тие шпекулации воопшто не држат и не се релевантни и вистинити и затоа се кажуваме прецизно, со склучени договори“, изјави денеска Канческа-Милевска за време на маратонската пред конференција на кој друштво и правеше и Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општина Центар во заминување.

Само за „Коњаникот“ потрошени се 10 милиони евра

Во денешниот отчет беа презентирани сумите за објектите кои се дел од „Скопје 2014“. За 33 скулптури  Министерството за култура инвестирало вкупно 885.882 евра, скулптурата „Три врби“ чинела  270.188 евра и „Порта Македонија“ - 5.192.364 евра.

За Музејот на македонската борба се исплатени 13.346.969 евра, Стариот скопски театар, кој се уште не е завршен че чини  36.846.520 евра, Филхармонијата 7.410.130 евра, а ентериерот и музејска поставка на Археолошкиот музеј чинат 8.174.496 евра.

Тодоровиќ пак ги презентираше трошоците за спомен-обележјата во Центар, во кои влегуваат и авторски хонорари, трошоци за одржување. Нивната вкупна вредност околу  55 милиони евра.

Само „Коњаникот“  на плоштад  на име авторски хонорар 649.000 евра добила авторката Валентина Стевановска. Вкупната сума за споменикот со фонтаните рипнала до 10,49 милиони евра.

„Ние не се плашиме од никаква ревизија и како Министерство за култура сами побаравме од Државниот завод за ревизија. Сетоа ова што транспарентно го даваме пред јавноста е спроведено од надлежните институции во Министерството“, рече Канческа-Милевска која додаде дека „Скопје 2014“ е потреба и неопходност.

Трите владини објекти изедоа 61 милиони евра -Зградата на Министерството за надворешни работи 19.251.506 евра -Јавни обвинители и финансова полиција - не е завршен и се очекува да чини 14 милиони евра -Објектот за Уставен суд, Археолошки музеј и Државен архив на РМ чини 27.597.681 евра.  

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба