НЕМА УКИНУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС: Уште две недели, од полноќ до 4 часот изутрина забрана за движење, локалите со работно време до 23.30
Објавено во: Македонија 17 Мај, 2021 13:09
И во наредните
две недели да остане на сила полицискиот час кој почнува од полноќ и трае до 4
часот изутрина е препораката на Комисијата за заразни болести по редовниот утринскио состанок.
Оттаму за Фактор брифираат дека целта е да нема промени во рестриктивните мерки со цел поголема стабилизација на епидемиолошката состојба во земјава.
-Сведоци сме на секојдневно намалување и на бројот на новозаразени, како и на бројот на примени пациенти во болниците, значи епидемиолошката крива овие денови е постојано во надолна линија, но уште две недели ќе важат рестриктивните мерки за да не се случи нешто непредвидено. Значи полициски час од полноќ до 4 часот забајле и кафеаните, рестораните, локалите, сите угостителски објекти ќе го имаат сегашното работно време, односно до 23.30. Сепак станува збор за респираторен вирус, кој веќе добро знаеме, може да избувне во секое време. Оставаме простор да ја држиме ситуацијата под контрола, барем додека се извакцинираат уште 100.000 граѓани, а со ова темпо на вакцинација, тоа ќе се случи за 14-дена. Значи, за да имаме непречен процес на вакцинација, не смее да ни се случи огромен број новозаразерни на дневна основа, вели извор на Фактор од Комисијата за заразни болести.
Истовремено потенцира дека иако нема конкретен датум кога би имало ново олабавување на рестриктивните мерки, Комисијата за заразни болести, најверојатно ќе препорача од 1.јуни. Инаку, вакцинацијата на граѓаните се одвива насекаде во земјава. Во Скопје во здравствените домови во тек е ревакцинација со АстраЗенека и со Фајзер, додека во Спортскиот центар А1Арена „Борис Трајковски“ се одвива вакцинација со прва доза на Синофарм и Фајзер.
А.Б.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови
„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски
„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија
„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани
Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ
Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“
„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти





