НЕМА ВЕЌЕ ПУШЕЊЕ ВО ПАРКОВИ, НА ПЛАЖИ И ПРЕД УЧИЛИШТА: Европска земја воведе забрана
Објавено во: Свет 29 Мај, 2025 22:42
Франција забранува пушење на плажите, во парковите и пред училиштата. Полицијата ќе контролира дали забраната се почитува.
„Франција ќе го забрани пушењето на сите места на отворено кои често ги посетуваaт деца“, соопшти министерката за здравство и семејство Кетрин Вотрин.
Забраната ќе стапи на сила на 1 јули и ќе се однесува на плажите, парковите, јавните градини, просторите пред училиштата, автобуските станици и спортските објекти.
„Тутунот ќе мора да исчезне таму каде што има деца“, порача Вотрин во интервју што го објави дневниот венсик „Квест-Франс“.
Вотрин додаде дека „слободата на пушење мора да заврши таму каде што почнува слободата на децата да вдишуваат свеж воздух. Таа истакна дека терасите на кафулињата ќе бидат изземени од забраната. Најави дека за прекршувањето на правилата ќе биде изречена парична казна од 135 евра, пренесува Би-би-си.
Според Францускиот центар за следење на дрогите и зависноста од дрога, 23,1 процент од француското население пуши секојдневно, што е најниска стапка забележана некогаш.
Францускиот национален одбор против пушење наведува дека повеќе од 75.000 пушачи годишно умираат од болести поврзани со тутунот, што е 13 проценти од сите смртни случаи. Пушењето во објектите како ресторани и ноќни клубови е забрането во Франција од 2008 година.
Забраната за пушење во парковите како и на плажите и другите јавни места требаше да стапи на сила во 2024 година, но потребната уредба не беше усвоена. Меѓутоа, повеќе од 1.500 општини веќе добровоно забранија пушење на јавни места.
Анкетата на француското здружение Ла Лиг Котур ле Канцер покажува речиси 89 отсто од Французите поддржува забрана на пушење на јавни места како шуми, плажи, паркови и тераси.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




