НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО И ГОРИВО ЗА ДА ГАСНАТ ПОЖАРИ: гори во околината на Велес, само по четири пожарникари на терен

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2024 11:12
Два пожари на отворено се активни денеска во околината на општина Велес. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, едниот пожар кој започнал уште од вчера во попладневните часови и понатаму гори, а на терен има четири пожарникари со едно возило.
- Во моментов има активни два пожари на територијата на Општина Велес. Првиот е активен од 09.07.2024 од 16.30 часот помеѓу селата Отиштино и Оризари каде гори сува трева и трње на голема површина. Гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило - соопштија од ЦУК.
Исто така во околина на Велес има пожар кај селата Караслари каде е испратена екипа од територијата на Велес, се бара вклучување на вработентие во Македонски шуми, кои поради доцнење на платите се без здравствено осугурување, не излегуваат на терен.
- Вториот пожар е активен од 10.07.2024 од 01.15 часот и е помеѓу селата Караслари и Црквино – над месноста викана Венуле. На овој пожар покрај сува трева гори и шума. На лице место гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес. Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата, истите не биле исправни и регистрирани возила тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот. Запознаена е Дирекцијата за заштита и спасување...
Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите - дополнуваат од ЦУК.
Фото: Архива
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ХАОС ВО ОПШТИНА КОЧАНИ, СОВЕТНИК ДИВЕЕШЕ НА СЕДНИЦАТА: Фрли предмет па повреди една од советничките во лице, градоначалникот се обидуваше да го задржи но безуспешно

Три години и четири месеци затвор за раководителот за урбанизам на Маврово и Ростуше

ЌЕ ДОЈДЕ ЛЕКАР ОД СЛОВЕНИЈА, ЕСКПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ, ЗА ТРЕТМАН КАЈ НЕКОИ ОД ПАЦИЕНТИТЕ: Една пациентка се уште е во тешка состојба
„ПОСТОИ СЕРИОЗНА ОПАСНОСТ ДАЛИ СДСМ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ПОСТОИ ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ“: Мицкоски за опозицијата

Генералната секретарка на Собранието - Марина Димовска: Mагичната формула на збирот од амбицијата плус посветеноста, изедначен со успехот

ЧЕКАЊЕТО НА ГРАНИЦА Е НЕИЗБЕЖНО: Еве ја состојбата на граничните премини во земјава

СОСТОЈБАТА ВО М-НАВ Е ВЛОШЕНА: Струковиот синдикат на контролори на летање предупредува - застарениот технички систем е во критична состојба

Министерот Андоновски: Апасиев живее во Аеродром, а не знае каде да го регистрира новороденчето

ГРЦИЈА ЕКСТРАДИРА МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНИЈА: Обвинет е за кражба и убиство на старец
