24 Април, 2024
0.0254

Немам потреба пак да се мажам: Искрено интервју со Лидија Кочовска

Објавено во: Стил 03 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Имав здравствени проблеми, но по сите испитувања овие три години, се потврди дека стресот е главен причинител за речиси сите болести кај многу луѓе, а таква беше ситуацијата и кај мене. Фала му на Бога, откако се потврди вистинската дијагноза, со соодветна терапија, сега се чувствувам многу подобро.

Таа е еден од нашите најквалитетни и најсилни вокали, со фестивалско искуство на ниво на поранешна Југославија. „Што те нема“, „Ти си тој“, „Доволно луд“ станаа евергрини, песни чии кавери ги пеат младите таленти во музичките шоуа. Ако порано еден „Макфест“, „Скопски фестивал“ па и пошироко - Сплитскиот не поминуваа без Лидија Кочовска, сега нештата се сменија. Сестрата на Тања и ќерката на Невена и Панче од легендарните „Мањифико“, во искреното интервју за Женски магазин раскажува дека пее само на приватни прослави каде што се чуствува ценето. Вработена е во хорот на МОБ, и вели дека е секогаш вљубена, но не планира наскоро повторно да се мажи, вели за Женски Магазин, каде што може да се прочита целосниот разговор.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган