29 Март, 2025
0.0429

НЕМАМЕ ВРЕМЕ ЗА ГОТВЕЊЕ: Начинот на исхрана може да „удри“ по здравјето

Објавено во: Македонија 09 Август, 2024 07:44

Добивај вести на Viber

Младите домаќинки често се жалат дека немаат време за готвење поради работните обврски. За да ги задоволат потребите на семејството, многу наши граѓани освен основната работа имаат и плус хонорарни ангажмани за да заработат повеќе. Но, постарите го тврдат спротивното за своите кулинарски навики. Тие велат дека практикуваат да готват, затоа што овој начин на исхрана го сметаат за поздрав, но и поевтин.

„Јас си готвам. Не секој ден, но секој втор ден. Брза храна не користам“, вели Бранкица Бојковска, граѓанка.

Друга жена вели дека времето треба паметно да се менаџира, да се направи баланс меѓу работата и обврските дома и да се најде време за готвење.

„Треба човек да се организира, да си го испланира времето, а младите трчаат да купат брза храна, што е штетно“, рече Мевлида Фетау, граѓанка.

Друга помлада домаќинка која живее на село, додава дека секој ден готви за семејството.

„Секој ден готвам. Имаме храна од сопствено производство, јадеме домашно“, објаснува Лидија Миленковска, граѓанка.

Лекарите велат дека начинот на исхрана носи ризици по здравјето.

„Исхраната има сериозни последици. Ние старите сме навикнати на друг режим на исхрана. Сега младите имаат некој нов начин. Не се готви, јадат сува храна, грицки, бургери. Најтрагично е дека децата се навикнати на тоа. Се јавуваат маснотии во крв, шеќер, покачено ниво на триглицериди, дијабетичари имаме многу. Начинот на исхрана влијае и на дебелината. Дебелите имаат поголеми предиспозиции за мозочни, срцеви удари, хипертензии, дијабетес“, вели Тања Рунтевска, општ лекар.

Таа додава дека младите треба да ги остават телефоните, социјалните мрежи, да си најдат време за готвење, за спортување.  Статистичките податоци од претходните години покажаа дека Македонците најмногу јадат леб и пијат газирани сокови. Еден граѓанин годишно во просек пие 24 литри газиран сок, покажаа статистиките од пред неколку години. Дебелината кај возрасните и децата во Македонија е стабилно на високо ниво, информираат годинава од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Светскиот ден на дебелина - 4 Март. Од децата 30.5 отсто се дебели, а кај возрасните процентот е 28.4.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено е обвинение против Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено е обвинение против Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска

(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Паѓаат обилни дождови

(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Паѓаат обилни дождови

(ВИДЕО) БОРЧЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Раскажа како се спасил

(ВИДЕО) БОРЧЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Раскажа како се спасил

ОСОМНИЧЕНИ СЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Ратко Димитровски и Николчо Илијев остануваат во куќен притвор

ОСОМНИЧЕНИ СЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Ратко Димитровски и Николчо Илијев остануваат во куќен притвор

ФИЛИПЧЕ БАРА ЛИДЕРСКА: Што велат другите партии?

ФИЛИПЧЕ БАРА ЛИДЕРСКА: Што велат другите партии?

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА ВАСО ЈОВАНОВ: Возел со 0,8 промили алкохол и со брзина од 91 километар на час, се бара продолжување на притворот

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА ВАСО ЈОВАНОВ: Возел со 0,8 промили алкохол и со брзина од 91 километар на час, се бара продолжување на притворот

ПАЦИЕНТИТЕ И ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО НЕ ПЛАЌААТ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО СТРАНСТВО: Таравари со детали и за најновата состојба на повредените

ПАЦИЕНТИТЕ И ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО НЕ ПЛАЌААТ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО СТРАНСТВО: Таравари со детали и за најновата состојба на повредените

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИСПЛАТИ ЦРВЕН КРСТ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОЧИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ А КОИ СЕ ВО СТРАНСТВО: Информациите ги објави Црвен крст

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИСПЛАТИ ЦРВЕН КРСТ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОЧИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ А КОИ СЕ ВО СТРАНСТВО: Информациите ги објави Црвен крст

Стевчо Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ се сива еминенција

Стевчо Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ се сива еминенција