06 Декември, 2025
0.0462

НЕОБИЧНО: Дали знаете на кои се начини можете да ја искористите вотката?

Објавено во: Стил 17 Октомври, 2014 21:17

Добивај вести на Viber

Овој популарен пијалок е многу повеќе од тоа. Вотката не мора да ви биде само состојка за коктели, може да има и некои невообичаени улоги.

Вотка како шампон

Додадете во својот омилен шампон околу 30 милилитри вотка и добро измешајте. Вотката ќе спречи косата брзо да се мрси. И не грижете се, нема да се чуствува мирисот на алкохолот.

Цвеќето подолго да трае

Цвеќето во вазна ќе трае подолго ако во водата додадете неколку капки вотка и лажичка шеќер.

Безболно тргање на фластер

Натопете парче памук со вотка и потоа натапкајте на фластерот. Вотката ќе го разблажи лепакот и фластерот лесно ќе се извади.

Лечи херпеси

Ако на усната ви се појави грозница, можете да го забрзате нејзиното заздравување така што ќе натопите стапче за уво со вотка и ќе нанесете на болното место.

Ја освежува гардеробата

Напрскајте ја облеката со вотка, а потоа закачете ја на суво и добро проветрено место. Така ќе се отстрани непријатниот мириз и гардеробата ќе биде долго свежа.

За чистење прозори

Ставете вода о шише со распрскувач и додајте малку вотка, оваа мешавина ќе ви помогне да ги исчистите прозорите и да ви заблеска куќата.

За поубав накит

Накитот кој содржи дијамант, смаград или друг камен потопете го во вотка на пет минути, потоа исплавете го со вода и исушете па ќе заблеска како нов.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: