19 Декември, 2025
0.0365

Неочекуван потег на пилотот најверојатно кобен за индонезискиот авион

Објавено во: Свет 01 Јануари, 2015 17:40

Добивај вести на Viber

Прелиминарниот преглед на радарските записи на истражителите потврдиле дека авионот „Ербас“, на малезиската компанија „ЕрАзија“ на летот QZ8501 пред исчезнувањето и падот во море нагло почнал да ја зголемува својата висина што били кобно за леталото, сметаат експертите кои ваквите движења на авионот ги нарекле „неверојатни“. Податоците кои биле анализирани стигнале од леталото токму пред падот на авионот во море односно пред да исчезне од радарите од индонезискиот град Џакарта. „Податоците кои до сега имавме можност да ги видиме покажуваат релативно високи бројки. Таквото нагло зголемување на висината е навистина преголемо. Според нас тоа е над можностите од оние што леталото може да ги поднесе“, рекол еден од изворите блиски на истрагата. Истиот извор напоменува дека прегледаните податоци се непотполни па конечното мислење  за причините на мистериозниот пад на крајот би можеле да бидат сосема поинакви. Што се однесува до пилотот кој управувал со леталото, сите негови колеги го опишале како искусен професионалец така што поголемиот дел од нив засега тешко прифаќаат дека тој на своја рака  тргнал во некоја „авантура“ на која укажуваат прелиминарните податоци. Сепак истражните органи се уште се концентрираат на лошите временски услови кои владееле во текот на моментот на исчезнувањето на авионот.    

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела