17 Декември, 2025
0.0559

Непостоечка изјава на Ердоган го возбуди регионот?

Објавено во: Балкан 13 Јули, 2014 20:30

Добивај вести на Viber

Наводна изјава на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган дека „оној што ќе ги чепне Бошњаците, против себе ќе има 100 милиони Турци“, предизвика лавина реакции на Балканот. Изјавата, дадена наводно на еден предиборен митинг, предизвика загриженост и поради најавите дека Турција има намера да стационира свои воени бродови во Неум, единствениот излез на БиХ на Јадранско Море. „Не се чудете ако турски воен брод вплови во Неум, бидејќи тоа е наша поддршка за суверенитетот на БиХ“, наводно рекол Ердоган. Изјавата предизвика загриженост, особено во Србија и Република Српска. Премиерот на Република Српска Милорад Додик го повикал на итен состанок српскиот премиер Александар Вучиќ за да утврдат адекватни одговори за заштита на државните и националните интереси од турската закана. „Сметам дека е неопходно како најодговорни носители на власта во Србија и Република Српска да се сретнеме во најскоро време и да утврдиме адекватни одговори. Изразуваме оправдан страв дека оваа ескалација на закани, која доаѓа од највисоки турски функционери, ќе помине без реакција на европските држави кои и досега покажуваа неразбирлива толеранција кон нападите врз мирот и стабилноста на БиХ што доаѓаат од Турција“, стои во писмото што Додик му го испратил на Вучиќ. По ова писмо, Вучиќ итно уште утре го повика Додик на средба во Белград. Но, од турските власти стигна демант. Од турската амбасада во Белград, но и директно од Анкара, беше испратено тврдење дека Ердоган никогаш не дал таква изјава и оти се работи за целосно измислен став на турскиот премиер.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии