22 Јули, 2019
0.0236

Непрофитни агенции со профитни претпријатија

Објавено во: Колумни 28 Јуни, 2019

Повод за ова мое огласување во јавноста е поднесената иницијатива до Уставниот суд за оценување на законитоста и уставноста на „Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Северна Македонија“. Како што е познато, со подзаконски акти не може да се уредуваат законските норми, туку само да се доуредуваат.Во конкретниот случај, Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ) која е самостојно и независно непрофитно регулаторно тело со статус на правно лице со јавни овластувања, врз основа на цитираното упатство формира „Македонски комитет за мерење на публиката“ како профитибилна стопанска интересна заедница (СИЗ) која е регистрирана во Трговскиот регистер на РСМ за вршење на трговска дејност - мерење на гледаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите што емитуваат телевизиска програма на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс и на Јавното радиодифузно претпријатие МРТ. 

Ова трговско друштво секој месец собира во просек по 250-300 илјади денари од корисниците на услугата. Од правна гледна точка ќе потенцирам дека Агенцијата е регулаторно тело и стручна институција, а не нормативен орган. Таа е надлежна согласно член 6 од законот да врши непосредно мерење на гледаноста или слушностa на програмите,односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија,а не и да формира нови тела кои треба оваа задача да ја извршуваат во нејзино име. Значи,нема законска основа за формирање Комитет за мерење на публиката кој во име на Агенцијата треба да ја остварува нејзината законска надлежност. Со еден збор, Комитетот за мерење на публиката е паралелно (диво тело) формирано од Агенцијата без никаква основа во законот. Ова тело треба под „итно“ да се отстрани од нашиот правен систем, дотолку повеќе што преку ова тело агенцијата се претставува како профитен субјект, наспроти нејзината непрофитност дефинирана во законот. Впрочем, ваков став по моја претставка поднесена до Министерство за информатичко општество и администрација има изградено и „Комисијата за заштита на конкуренција“ која е децидна: дека Агенцијата за ААВМУ  неможе да пренесува надлежности, ниту пак да им дава ингеренции од своја надлежност на оние што треба да ги регулира. Сметам дека освен што има потреба за оценка на законитоста на упатството, треба да се отвори и прашањето за уставноста на целиот закон за ААВМУ за да се оцени (Уставниот суд тоа може да го направи и по сопствена иницијатива) дали упатството може да биде управен акт со кој агенцијата ги регулира односите со телевизиите и мерките на гледаност кога се знае дека агенцијата е стручно, а не управно тело, односно дека е орган на власта. Kритериумите и мерките за гледаноста на телевизиите мора и треба да бидат предмет на законско регулирање, а не предмет на оценка на Агенцијата и Комитетот. Оттука, се поставува и прашањето: може ли Упатството да биде акт на Советот, кога Агенцијата не е управен орган!? Агенцијата нема надлежност да формира нови тела каков што е Комитетот,туку тие функции мора да ги врши непосредно како стручен орган,а во конкретниот случај Комитетот делува како самостоен орган, независен од Агенцијата и настапува како профитабилно тело. Парадоксално, но вистинито. Морам да нагласам дека овие мои ставови ги формулирав по живата дебата за уставноста и законитоста на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со Д-р Светомир Шкариќ, професор по уставно право.


Љупчо Докузов, адвокат


Можеби ќе ве интересира

Земјотресот

Земјотресот

Империјата го возвраќа ударот

Империјата го возвраќа ударот

„Слугата на народот“ ќе ја освојува Украина

„Слугата на народот“ ќе ја освојува Украина

Бугарски турист

Бугарски турист

Главни карактеристики на Европскиот модел на земјоделството

Главни карактеристики на Европскиот модел на земјоделството

Мајтапчиите, Заев и Зеленски

Мајтапчиите, Заев и Зеленски

Доцна стигна Вучиќ, на Косово поле

Доцна стигна Вучиќ, на Косово поле