НЕСЕКОЈДНЕВНА ПОНУДА ДЕНЕСКА: Ќе се најде ли купувач за акции вредни над два милиони евра
Објавено во: Економија 02 Септември, 2021 07:14
Денеска на берза ќе се организира јавна берзансака аукција на која ќе се продаваат акции во моќни домашни компании. Станува збор за капитал кој во нив го имала пропаднатата Еуростандард банка, сега во стечај. Акциите се продаваат во пакети од кои повеќето се нудат по моделот „се или ништо“. Во сите ќе поминат акции чија почетна цена во вкупна сума надминува над 2,1 милион евра.
Се продаваат 8.152 обични акции од градежната компанија Гранит АД Скопје кои се 0,27 проценти од основната главнина на друштвото. Почетната продажна цена е 1.250 денари по акција или тој ќе треба да плати за сите најмалку 10,19 милиони денари или 166 илјади евра. Во пакет се нудат и 235 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје по цена од 82.000 денари за една акција. Тоа е 0,21 проценти од друштвото, а затоа што се продаваат по моделот се или ништо, заинтересираниот купувач ќе треба да искешира најмалку 19,27 милиони денари или 313 илјади евра, се разбира ако се постигне таа цена, но може да биде и повисока. Еуростандар банка имала и 160 обични акции од Реплек АД Скопје што претставува 0,62 отсто од основната главнина на друштвото. Почетната продажна цена е 105.000 денари по акција или вкупно 16,8 милиони денари ( нешто над 273 илјади евра).
На берзанска аукција ќе се продават и акции од Македонска берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и КИБС. Во депозитарот Еуростандард банка поседувала 890 обични акции кои се 14,83 отсто од основната главнина на друштвото. Почетната продажна цена е 15.000 денари по акција но ќе се даваат преку моделот “на парче. За сите акции новиот сопственик или повеќето нови сопственици ќе платат над 13 милиони денари. Се нудат акции и од КИБС и тоа 632 обични акции што претставува 2,59 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 15.000 денари по акција преку моделот “на парче“.
Инаку во списокот на закажаната аукција стојат и акциите кои Еуростандард ги имаше во Македонска берза. Станува збор за 276 обични акции кои се 9,89 отсто од берзата. Почетната цена е 61.526 денари по акција и ќе се продаваат преку моделот “се или ништо“. За овие акции во март годинава понуда достави Загребската берза, а Комисијата за хартии од вредност издаде Решение за согласност за преземање на квалификувано учество поголемо од 10 отсто во Македонска берза. Тогаш КХВ извести дека со овие акции берзата од Загреб ќе има вкупно 15,19 отсто од акциите на Македонска берза, затоа што таа веќе поседува 5,3 проценти.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




