19 Декември, 2025
0.0561

НЕСОНИЦА – МЕНАЏЕРСКИ СИМПТОМ!!!

Објавено во: Економија 14 Март, 2016 08:24

Добивај вести на Viber

Квалитетниот сон е предуслов за човечкото здравје, успешно извршување на  работните и домашните обврски и добро расположение. Сепак деловните луѓе честопати, под притисок на секојдневните обврски, несвесно влегуваат во повторливо стресно сценарио: рано станување, брзање, подготовка за на работа, врзување на вратоврската, заминувањето со автомобилот и константна стресна трка со времето што на крајот од денот резултира со несоница.  пишува М-р по фармација Кирил Пецевски Американските научници неодамна извршија истражување меѓу мажи на возраст од 30 до 45 години кое покажа дека дури 40 отсто од младите деловни луѓе во земјата патат од таканаречениот менаџерски синдром како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место. Психолошкото оптоварување кај деловните луѓе, кои дневно работат и по повеќе од десет часа, е за 2,6 пати поголемо отколку кај оние кои се занимаваат со земјоделство или со физичка работа. Посебно се опасни стресните ситуации кога ќе дојде до пропаѓање на некој важен договор или при тензични и долготрајни преговори. Уште еден показател во контекст на тезата дека психилошките оптоварувања оставаат посилни негативни последици отколку физичкиот замор е фактот дека кај 39 отсто од испитаниците се утврдени истите симптоми - несоница, аритмија, раздразливост и пад на имунитетот. dormirinДополнителен фактор за несоница кај бизнисмените се и честите патувања, особено промената на креветот за спиење како и временските зони со што се нарушува секојдневниот ритам. Несоница (инсомниа) е дефинирана како повторувачка потешкотија која се однесува на заспивањето, одржувањето на спиењето или квалитетот на сонот, која се случува и покрај соодветното време и можност за спиење, а резултира со пореметување на дневните активности. Вообичаени критериуми за несоница се:
  • Потребно време за заспивање - повеќе од 30 минути
  • Спиење помалку од 6 часа
  • Будење повеќе од 3 пати во текот на ноќта
  • Спиење кое е со слаб квалитет.
Луѓето кои патат од несоница имаат значајно нарушен квалитет на живот кој се манифестира преку: дневна поспаност, главоболка, замор, анксиозност, раздразливост, немање концентрација, и значаен пад во реализација на своите бизнис цели. Несоницата може да се манифестира како примарна или предизвикана/поврзана со други состојби:
  • Иницијална (примарна) несоница подразбира потешкотии при заспивање и/или рано утринско будење после кое не може повторно да се заспие. Лицата со иницијална несоница обично се чувствуваат поспано преку денот, уморно, напнато, анксиозно. Оваа несоница не е поврзана со ниедно органско/психијатриско заболување.
  • Несоницата може да биде предизвикана, поврзана или симптом на многу заболувања, состојби како што се:
  • Употреба на лекови( стимуланси), кафе, цигари, алкохол..
  • Хормонални нарушувања (ПМС, климакс)
  • Невропсихјатриски заболувања (Биполарно растројство, Депресија, Деменција,Шизофренија, Синдром на немирни нозе)
  • Органски заболувања и болка
  • Стрес, страв, брз стил на живот, работа во ноќни смени...
За полесни форми и за несоница која трае пократко време се започнува со нефармаколошка терапија: со советување за „добри навики за спиење“ или хигиена на спиење каде спаѓаат: одење на спиење во одредено - исто време, укинување на попладневно спиење, да се избегнува  кафе, кока кола, солени јадења, алкохол и пушење пред спиење. Препорачливо е да се спие во мирна, ладна и темна соба, на удобна постела. Корисни се и програми на вежбање бидејќи придржувањето до извесен план на вежбање придонесува за попуштање на напнатоста и враќање на самодовербата. Вежбањето не смее да биде пренапорно затоа што ја потикнува несоницата и треба да има најмалку 2 часа растојание помеѓу последниот тренинг и ноќното спиење. Во контекст на природната терапија на несоницата особено делотворно решение се додатоците во исхраната на база на комбинација на мелатонин, валеријана и маточина кои придонесуваат за смирување и полесно паѓање во мирен целовечерен сон. Мелатонин е хормон кој го регулира сонот, природно се наоѓа во нашето тело и го произведува епифизата во најголеми количини после заоѓање на сонцето со што се подготвува телото за спиење.  Тој помага во скратување на времето потребно за заспивање, а особено е корисен за ублажување на субјективното чувство на jet lag (луѓе кај кои е нарушен нормалниот ритам поради промена на временски зони) Екстрактите од валеријана и маточина се природни седативи и антидепресиви т.е помагаат за смирување и квалитетен сон, го подобруваат расположението, когнитивните способности и меморијата. Особено е значајно што овие природни состојки  не предизвикуваат навикнување. комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите