19 Март, 2024
0.1427

Нестабилни движења на извозот и увозот на македонското земјоделство

Објавено во: Колумни 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

    Со извозот и увозот Земјата пред се се вклучува во меѓународната економија и подела на трудот. Со нашето учество во глобалните трговски односи се промовираат нашите производи, но се шири и конкурентската способност. Не само на производите и услугите туку и на конкурентската способност на целото стопанство на една земја. Денес, конкуренцијата на светскиот пазар со храна и земјоделска суровина е силно изразена,  особено во овој дел на светот каде се разменуваат нашите производи , каде се земји со највисока продуктивност со високо развиено земјоделство – цела Европска Унија, Србија, Турција и др. Во такви околности македонското земјоделство не можеше да се развие досега  за да биде рамноправно со овие земји. Тоа, а особено извозот и увозот, по осамостојувањето доживеаа сериозна стагнација, особено заради дотогаш ограничената размена со храна и земјоделски суровини освен со Југословенската Република. На агрокомплексот во Македонија силно негативно се одразија процесите на приватизација и транзиција кога се разградија  земјоделско индустриските комбинати, па и задругите. На вкупниот развој на агрокоплексот  и особено на извозот и увозот негативното влијание беше засилено со погрешна аграрна политика. Затоа во целиот период до денес , вредноста на извозот на земјоделството е помала од вредноста на увозот. Оправдување не може да се бара во фактот дека е дефицитарна вкупната македонска економија, будејќи за економично и конкурентско производство земјоделството има сосема погодни и компаративни предности .Увозот од извозот, беше повисоко вреден и пред и по високата поддршка на земјоделството со финансиски средства од околу 6 милијарди денари (над 100 милиони евра) плус средства за рурален развој и ипард со најмалку 50% неповратни средства.

   

             Движење на извозот и увозот на земјоделството

                  (по стокови сектори на СМТК)

 

                                                                                                      во милиони УСА 


   Анлизата на извозот и увозот според статистички податоци (од СГ на РМ) покажува дека македонското земјоделство секој пат имало негативен показател во односните извоз-увоз. Периодот на ова истражување од 2011 до 2017 година го базираме на претпоставка  дека по осамостојувањето до 2010 година, имаше можност да се стабилизира македонскиот вкупен извоз, па и на земјоделството, кое од 2011 година, како дел од аграрната политика започна да користи сериозни суми финансиски средства од над 6 милијарди средства од националниот буџет.  Според резултатите што земјоделството ги остварува се чини дека финансиската поддршка не била доволна покрај другите резултати да се избалансира позитивно извозот со увозот. Така  во овие седум години покриеноста на увозот со извозот од земјоделството се движела од 68,88% (2017год.) до 76,60% (2013 год.). Вредноста на негативното салдо во овие години секој пат е над 200 милиони долари, па до 252 милиони долари . Ако извозот во 2011 година претставува за 100, највисокиот извоз е зголемен само до 103,1%. Осцилациите се негативен показател, кој се одразува на нестабилна побарувачка. Движењето на увозот  се движел со помали осцилации, најчесто вредноста е околу 850 милиони долари. Загрижувачко е што македонското земјоделство и кај увозот и кај извозот опаднала во последните три години, кога вкупниот промет од 1517 милиони долари во 2013 год. е намален на 1302 милиони долари во 2015 година.

  Земјоделството е важно за вкупната економија на земјата па и во однос на учеството во вкупната вредност на извозот, бидејќи учествува со над 10% (2017 год.) а учествувало и со над 15%. Позитивно е што земјоделството учествува во увозот со понизок процент и достигнал највисоко учество во увозот на земјата од 13,12%.

Аграрната политика не била соодветна, бидејќи не придонела вредноста на македонскиот извоз да се зголеми над увозот, а тоа гп покажуваат податоците  за  цената на извезена и увезена храна.

Според наши истражувања , петгодишен просек на извезената храна од Македонија остварил  цена од 815 долари за 1 тон, а увезената храна имала цена од 1164 долари за 1 тон .

  Ваквите податоци се резултат на недоволно развиени преработки (финализација) на земјоделските суровини, туку се извозуваат пред се примарни земјоделски производи, а се увезуваат воглавно преработени и високоригинални производи со додадена вредност.

  За надминување на проблемот со дебалансот помеѓу извозот и увозот на земјоделството е потребно пред се зголемување на обемот на производство со помош на современи технологии, високорадни сорти и попродуктивни раси животни, инвестиции во комлексна попродуктивна механизација (а не само  трактори). Особено е потребно развивање на преработувачката индустрија за да може да откупи најголем дел од суровините, тие да бидат преработени во високо финална храна чија цена е далеко повисока од примарните производи. Потребно е ширење на органското производство, потребно е здружување на ситните производители, бредирање и повисока поддршка на специфични производи. Се надевам дека престојната стратегија за идниот развој на земјоделството (2021-2027) ќе биде патоказ за идниот успешен развој и за повисоко конкуретско производство со позитивен биланс помеѓу извозот и увозот. 



Проф.Борис Анакиев; Проф д-р. Ромина Кабранова


Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?