19 Декември, 2025
0.0412

„Nestle“ го забележа најслабиот раст на продажбата од 2009 година

Објавено во: Економија 18 Август, 2016 10:46

Добивај вести на Viber

Најголемата компанија за прехранбени производи во светот - Nestle, забележа најмал раст на продажбата за првата половина од 2009 година, со тешкотии во ценовниот однос, соопштува Bloomberg.

Приходите се зголемени за 3,5% на органска база, изјавија од компанијата со седиште во Веве, Швајцарија, денеска.

Аналитичарите очекуваа раст од 3,7%. Волуменот е зголемен за 2,8% кај проекции за 3,1%.

„Цените во целина надвор од Латинска Америка се изненадувачко слаби“, рече Патрик Ланг, шеф на капиталните студии во „Julius Baer Group“.

Цените достигнаа „историски ниски нивоа“, иако најверојатно ќе се обноват „донекаде“во следните месеци, изјави главниот извршен директор Пол Булке. Директорот во заминување е на пат да забележи раст на продажбата под просечната долгорочна цел на компанијата за четврта година по ред.

Nestle потврди дека очекува годишниот органски раст на приходите да биде сличен на минатогодишниот од 4,2% и ја повтори целта да постигне подобри маргини и базна заработка по акција при постојана валута. Долгорочната цел на компанијата е за раст на продажбата меѓу 5% и 6%.

Трговската маргина на оперативната добивка за првото полугодие се прошири до 15,3% од 15% пред една година благодарение на штедењето и пониски трошоци за суровини. Nestle објави во мај планови дека ја подобрува маргината за 2 процентни поени по 2019 година преку штедење.

Главниот финансиски директор Франсоа-Ксавиер Рожер изјави дека втората половина на годината ќе биде поддржана од поповолни можности и повисоки цени на некои пазари во развој како Бразил и Русија.

Во јуни Neste го посочи Вулф Марк Шнајдер од Fresenius за наследник на Булке. Тој ќе се приклучи на компанијата во следниот месец и ќе ја преземе функцијата од 1 јануари. Во минатото Шнајдер беше дел од медицинската индустрија, поддржувајќи го насочувањето на Nestle кон производи за здрава исхрана во потрага по брз раст.

Nestle сепак се претставува полошо од своите конкуренти. Unilever најави раст на продажбата за вториот квартал над оценките, продавајќи повеќе дезодоранси и производи за коса. Растот останува стабилен во првиот квартал, но профитот доаѓа главно од повисоките цени на производите на компанијата, бидејќи обемот на продажбите се забавува. Добивката за полугодие од Danone ги надмина прогнозите откако трансформацијата на Actimel и Danonino и поскапите производи се компензираат помалку од очекувањата за обем.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка