15 Декември, 2025
0.1389

„Неусогласеноста меѓу изјавите и фактите на рускиот претседател Владимир Путин е добро позната“: остра реакција на шефот на украинската дипломатија

Објавено во: Свет 19 Април, 2025 21:13

Добивај вести на Viber

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, исто како и претседателот Володимир Зеленски претходно, изрази недоверба за 30-часовното велигденско примирје што го објави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ДПА.

Тој на платформата Х потсети дека Украина се согласи со американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот за време на мировните преговори на почетокот на март во саудискиот град Џеда. Сибиха посочува дека Русија го отфрлила предлогот и наместо тоа поставила низа предуслови.

„30 часа наместо 30 дена“, вели Сибиха за понудата на Путин.

- Неусогласеноста меѓу изјавите и фактите на рускиот претседател Владимир Путин е добро позната. Знаеме дека на неговите зборови не може да им се верува и ќе гледаме на дела, а не на зборови. Русија може во секое време да се согласи со предлогот за целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот, кој е на маса од март, вели шефот на украинската дипломатија.

Сибиха ги повика украинските сојузници да бидат внимателни во врска со постапките на Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска неочекувано објави 30-часовен едностран прекин на огнот на руските трупи на фронтот во Украина.

Во првата реакција за овој чекор на Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам. Во објава на социјалните мрежи тој оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не откри дали примирјето е прифатливо за Киев.

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела