НЕУСПЕХ НА НАЈСРЕЌНАТА ЗЕМЈА: Финска им даваше по 560 евра на граѓаните без работа, ама ...
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2019
Месечен чек од 560 евра им исплатувала најсреќната земја во светот на своите граѓани, во текот на две години.
Во 2017 година Финска беше првата земја во Европа, која во рамки на социјален експеримент, на невработените почна да им исплаќа основна месечна заработка од 560 евра, со цел намалување на државната бирократија и сиромаштија и зголемување на невработеноста.
Пробниот период стартуваше на 1 јануари во 2017-та година сепак тој не ги даде посакуваните резултати.Владата на Финска ги сподели првите заклучоци од ова тестирање кое заврши пред еден месец, а како што објави, научниците откриле дека таа мерка не успеала да ги поттикне невработените повеќе да работат и заработуваат.
-Влијанието на вработувањето првата година на експериментот беше мало-рекла финската миниостерка за здравје и социјални прашања Прико Матила.
Сепак почувствувале подобрување
Финска сега ги истражува алтернативите на обновување на својот модел на социјална заштита, што е огромна задача која ги чека победниците на парламентарните избори во мај.
Со експериментот се обиделе да понудат заштита на мрежата за оние кои не можат или не сакаат да работат, во исто време охрабрувајќи ги да прифаќаат малку платени или привремени работи без страв од загуби на привилегии.