НЕВАКЦИНИРАНИТЕ СЕ „ФАБРИКИ“ ЗА НОВИ МУТАЦИИ: Научниците стравуваат дека новите соеви ќе можат да ја „победат“ вакцината
Објавено во: Свет 13 Јули, 2021 11:18
Повеќе од половина од светската популација сè уште не
примила вакцина против ковид, а распределени
се околу три милијарди дози.
Додека некои земји имаат највисоки стапки на вакцинација во светот - како што
се Исланд (73 %) и Велика
Британија (67%), некои посиромашни држави едвај ги започнаа своите програми за
имунизација. Постојат стравувања дека овој јаз во вакцинацијата ќе овозможи
ширење на нови видови, како што се делта и ламбда, кои штотуку започнаа да се шират.
Мутациите тогаш можат да станат способни да ја победат вакцината и потенцијално да го принудат светот повторно да се затвори. Кон тоа треба да се додаде и антивакциналната клима во многу земји и луѓето кои одбиваат да се вакцинираат, пишува „Сан“.
- Невакцинираните луѓе се потенцијални фабрики за нови соеви. Колку повеќе невакцинирани има, толку повеќе шанси постојат вирусот треба да се размножи. И кога тоа ќе се случи, тој мутира и може да исфрли варијанта на мутација што е уште потешка, изјави за Си-Ен-Ен д-р Вилијам Шафнер, професор на Универзитетот Вандербилт.
Делта варијантата веќе се заканува да го загрози летото додека се отвораат европските земји со цел да се спаси туристичка индустрија и да се вратат животите повеќе или помалку на нормално ниво, а со појавата на видот ламбда, ситуацијата станува уште понеизвесна.
- Бидејќи се појавуваат мутации на вирусот, оние што перзистираат се оние кои го олеснуваат неговото ширење кај популацијата. Секој пат кога вирусот се менува, тоа му дава поинаква платформа за да додаде повеќе мутации. Сега имаме вируси кои се шират поефикасно, вели Ендру Пекос, микробиолог од школата за јавно здравје „Џонс Хопкинс Блумберг“.
Новите мутации на коронавирусот можат да го отежнат отпорот што го дава имуниот систем на организмот, кој е „фокусиран“ да бара оригинален вирус, или преку вакцина или инфекција што ја имала лицето. Антителата, кои имунолошкиот систем ги создава за да му помогнат на телото да се бори против вирусот, може да бидат послаби од новите видови, наведува британски „Сан“.
Заканата од нови видови исто така значи дека маските и одржувањето дистанца ќе останат со нас долго време, и покрај вакцинацијата. Стравувањата се дека ќе мора повторно да се заклучиме доколку се „утврдат“ новите варијанти.
ФОТО: JOHN NACION/NURPHOTO VIA GETTY IMAGESМожеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




