19 Декември, 2025
0.0781

Неверојатен експеримент: Јапонија отвора 600.000 нови работни места

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2013 10:05

Добивај вести на Viber

Конзервативниот јапонски премиер Шинзо Абе го претстави владиниот план за стимулирање на економијата вреден 175 милијарди евра, а кој треба да овозможи отворање на околу 600.000 нови работни места и економски раст од 2%. Јапонската економија е погодена со пад на извозот и намалување на глобалната побарувачка, но и со потфрлање на домашната потрошувачка. „Неопходно е да се зајакне индустриската конкурентност и да се зголеми бројот на вработени“, изјави Абе на конференцијата за новинари. Планот на Абе предвидува околу 90 милијарди евра да се потрошат за јавни работи и миграциски програми, на субвенции за компании кои вложуваат во нови технологии и на финасиска помош за малите фирми. Околу 35 милијарди евра државата ќе ги вложи во обнова на деловите во државата кои се погодени од земјотреси, цунами и нуклеарната катастрофа во 2011 година. Јапонскиот премиер нагласува дека ова е најголемо државно трошење во јапонската историја. Ако планот успее ќе се отворат околу 600.000 работни места за период 2013 – 2014 година.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела