18 Декември, 2025
0.0500

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2024 09:38

Добивај вести на Viber

За само две недели работа на Октоберфест во Минхен, келнерите и келнерките заработуваат меѓу 5.500 и 10.000 евра нето, а понекогаш и значително повеќе. Од друга страна, за тие две недели шаторите остваруваат промет до осум-девет милиони евра.

Како што пишуваат германските медиуми, за да можат воопшто да работат на Октоберфест, келнерите и келнерките мора да им платат на домаќините 1.500 евра однапред за храна и пијалоци, како и за чистење на садовите што ги користат или евентуално ги кршат. За сместување треба да одвојат до 2.500 евра.

Најскапото сместување е 2.500 евра, а станува збор само за соба со неколку душеци, каде се сместени и останатите келнери. Инаку, келнерките и келнерите на Октоберфест не добиваат фиксен час, туку добиваат дел од продажбата.

Според информациите на порталот ТЗ, домаќините на големите шатори на Октоберфест за две недели остваруваат до осум и девет милиони евра промет. Од тоа им останале околу милион евра добивка. И помалите шатори имаат продажба од милион до два милиони евра.

Минатата година Октоберфест на градот Минхен му донесе околу 1,49 милијарди евра, пишува Феникс.

фото: EPA/Karl-Josef Hildenbrand

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа