20 Декември, 2025
0.0706

НЕВЕРОЈАТНО ЕВТИН: Кинезите развиваат смартфони кои може да доминираат со пазарот!

Објавено во: Свет 06 Декември, 2014 10:40

Добивај вести на Viber

Кинеската компанија за технологија Ксиаоми за многу кратко време го помина патот од уште една кинеска фирма до сериозен играч на пазарот на мобилна телефонија, кој во иднина би можел сериозно да им се закани и на најголемите компании како Самсунг и Епл. На кинескиот пазар веќе, на изненадување на многумина, Ксиаоми ја презеде водечката позиција и го престигна Самсунг, додека на глобалниот пазар за мобилни телефони веќе се искачи на третото место. Тајната на Ксиаоми е во напредните модели на „паметни“ телефони кои ги нуди по ниска цена, а кои не заостануваат многу зад конкурентските модели. Уште поголеми очекувања компанијата има од 2015-та година, кога треба да го лансираат нивниот нов врвен модел на смартфон, кој со оглед на цената и хардверските опции, би можел целосно да завладее со пазарот. Според неофицијалните информации, Ксиаоми го подготвува моделот МИ5, кој ќе биде исклучително тенок и ќе има силен хардвер, а ќе се продава по цена од само околу 325 долари без договор, што е речиси двојно поевтино во однос на конкурентските модели. МИ5 треба да работи на последната генерација Снепдрагон 810 процесри (64-битен осмојадрен процесор) и ќе има голем екран со дијагонала од 5,7 инчи и резолуција 2560 Х 1440 пиксели. Познавачите велат дека е неверојатна идејата да се произведе телефон со толку напредни опции, а по толку ниска цена. Промоцијата на овој телефон се очекувавеќе на почетокот на 2015-та.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја