Неверојатно откритие: Билката најчесто обвинувана дека предизвикува рак, има антиканцерогено дејство!
Објавено во: Стил 12 Ноември, 2014 15:23
Научници од универзитетот Луизијана неодамна дошле до неверојатно откритие – антикарциногени соединенија во листовите на тутунот, билки најчесто обвинувани за рак!
-Листот и цветот на тутунот содржат големи количини на клучните ароми на состојките кои се нарекуваат кембраноиди, а се верува дека токму тие можат да се употребуваат како средства во борба против рак – рекол вонредниот професор на тој универзитет Калид Ел Саед.
Тој сепак напоменал дека тоа не значи дека луѓето ќе имаат еднаква корист од тутунот со користење на оној комерцијалниот, бидејќи во производството на тој тип најмногу се губи токму тоа канцерогено соединение.
-Оваа состојка обично не се наоѓа во комерцијалната употреба, и тоа затоа што тој во тој процес е деградиран во помалку соединенија во временски период од година дена за да на тој начин се добие мирис во текот на ферментацијата – тврди Ел Сајед.
Кембраноидите инаку се наоѓаат во восочната материја на свежиот тутунски лист и покажуваат потенцијал за контролирање на метастаза на рак на дојка и простата, а билката ги произведува како хемиска одбрана за да се заштити од буби и штетни микроби.
-Свежиот тутун е важна и релевантна земјоделска култура за многу држави во САД – заклучил Ел Сајеб, додавајќи дека одгледувачите сега би можеле да почнат со производство на тутун за фармацевтски цели.
(Извор: Дневно.хр)
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





