22 Ноември, 2024
0.0273

НЕВЕРОЈАТНО: Во Агенцијата за вработување останале непотрошени 42 милиони евра

Објавено во: Економија 19 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Додека Владата се чуди од каде да најде повеќе пари за буџетот, во Агенцијата за вработување на крајот од минатата година останале непотрошени 42 милиони евра.

Владата стокми ребаланс на Буџетот кој ќе тежи рекордни 5,89 милијарди евра (постојниот е околу 5,5 милијарди евра), со огромен буџетски дефицит кој од 585 се зголемува на 720 милиони евра. Приходите во Буџетот се проектирани на 5,17 милијарди евра, за околу 130 милиони евра повеќе од основниот буџет. Сето тоа во услови на намалена економска активност годинава, односно со проектиран раст на домашниот бруто производ од 2,1 отсто наместо првично проектираните 3,4 отсто.

Од друга страна, ја имаме Агенцијата за вработување, која наместо да го раздвижува пазарот на трудот со мерки, субвенции и поддршка на работодавачите, чува неактивни 42 милиони евра собрани за една година. Вишокот на останати пари и во 2022 беше огромен - 22,3 милиони евра, а овие средства се префрлени во „заштедата“ за 2023 и резултатот изгледа неверојатен.

Во текот на минатата година работодавците ги зголемиле уплатите на социјалните придонеси за осигурување на работниците во Агенцијата за вработување за 20 отсто и биле собрани дури 60 милиони евра. Тоа го надминало планот и прогнозите на агенцијата за високи 9 милиони евра. Инаку стапката на придонесот за вработување е 1,2 отсто од бруто платата на работникот. 

Претходните години за популарната мерка за субвенционирање на растот на платите, за која работодавачите апелираа да не се укинува, се даваа по повеќе милиони евра, а сега во ставката на расходи на агенцијата ја има со само еден милион евра потрошени во текот на целата година.

Овие 42 милиони евра останале непотрошени и покрај тоа што државната помош од буџетот за агенцијата се намалила од 6,55 на 4,6 милиони евра.

Треба да се каже и тоа дека кај трошоците осетливо се намалиле исплатените парични надоместоци кај работниците-осигуреници кои во меѓувреме останале без работа, стечајците, мерките за субвенционирање, креирање нови работни места и самовработување. Тие вкупни суми паднале од 48,5 на 43,75 милиони евра за една година.

За мерките за вработување биле потрошени дури 7 милиони евра помалку отколку што се очекувало, а дури 50 милиони денари помалку за ангажирање на стручни лица за работа со невработени.

Сумирано, АВРМ собрала 91 милиони евра, а потрошила само 49.. 

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат