Невработеноста во Франција расте
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2012
Бројките на невработеноста повторно се лоши во Франција, невработеноста забележа нов скок 18 месеци по ред и се најде на највисокото ниво во последните 14 години.
Најпогодени од невработеноста се најстарата генерација, додека најмладите се поштедени од новото зголемување на невработеноста. Бројот на невработените до категоријата А, кои немаат никаква работна активност се зголеми за еден месец на 45.400 лица односно 1,5 отсто во октомври, односно 3,10 милиони лица бараат работа, што е највисоката бројка од април 1998 година. За само една година бројот на невработените од категоријата А се зголеми за 10,6 проценти. Ако на овие бројки на невработени им се додадат и невработените кои имаат работна активност од категоријата Б и Ц, бројот на сите невработени се зголемил за 71.500 лица односно ја достигна бројката од 4,58 милиони лица или 9,4 отсто за само една година.
Тенденцијата на зголемување на невработеноста нема да се промени, ова и покрај определбата на владата која намера да ги промени нештата до крајот на 2013 година. Според ОЦДЕ, невработенсота ќе се зголеми уште повеќе во наредните тримесечија за да се стабилизра на околу 11,25 отсто на крајот од 2013 година.
Причината е слабата маржа на профит на претпријатијата и нивната голема задолженост. Истовремено ОЦДЕ најавува дека економскиот раст во 2013 година ќе изнесува 0,3 отсто, а во 2014 година да достигне 1,3 отсто. Француската Влада предвидува пораст од 0,8 отсто за 2013 година, што не е доволно за да се намали невработеноста.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.