20 Декември, 2025
0.1398

НЕВРАБОТЕНОСТА ВО СВЕТОТ РАСТЕ: Додека на возрасните им тече пот, младите тешко до работа!

Објавено во: Економија 25 Август, 2016 10:12

Добивај вести на Viber

Расте младинската невработеност во светот во 2016 година. Бројот на невработени на возраст меѓу 15 и 24 години ќе порасне, достигнувајќи 71 милиони луѓе, но во 2017 ќе се стабилизира. Ова го покажуваат прогнозите на аналитичарите од Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Според МОТ невработеноста меѓу младите оваа година ќе достигне 13,1%, а во 2015 година таа била 12,9 отсто. Тоа значи половина милион луѓе повеќе се доближуваат до рекордното ниво од 13,2% во 2013 година.

Зголемувањето доаѓа по тригодишниот пад и се објаснува со подлабока од очекуваната рецесија во неколку од големите економии во развој и со стагнацијата на економскиот раст во неколку од развиените земји, објаснува Стивен Тобин - економист во МОТ и главен автор на извештајот.

Најголем е процентот на невработени млади во арапските земји и во Северна Африка, каде растот на невработеноста се колеба околу 30 отсто. Во развиените земји се очекува да има најголем раст на младинската невработеност во 2016 - 14,5% или тоа се 9,8 милиони луѓе. Ситуацијата треба малку да се подобри во 2017 година со прогноза за 14,3%.

Уделот на младинската невработеност во земјите со економии во развој треба да остане релативно стабилен - околу 9,6% во 2016г., што се објаснува со зголемување на бројот на населението во активна возраст. Во дигитална димензија тоа значи да достигне 7,7 милиони луѓе.

Овие податоци сепак не ја одразуваат целосно сериозноста на ситуацијата на пазарот на труд за младите во земјите со економии во развој, бидејќи голем дел од младите таму, кои работат, не заработуваат доволно за да излезат од сиромаштијата, сметаат од МОТ. Според организацијата близу 156 милиони младинци во овие земји живеат во крајна сиромаштија, односно со помалку од 1,90 долари на ден по лице, или во умерена сиромаштија - со од 1,90 до 3,10 долари на ден.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба