18 Април, 2024
0.0236

„New Moment“ доби титаниумски лав на Кан

Објавено во: Стил 27 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Скопската компанија „New Moment“  доби титаниумски лав, прво место на фестивалот за креативност кој секоја година се одржува во Кан.

Фестивалот посветен на рекламни спотови му ја додели првата награда на „New Moment“ од Скопје, за нивниот спот „Соживот – заедничка молитва“ кој сигурно сте го гледале на нашите телевизии бидејќи редновно се појавуваше на нив во обид да поттикне поголема меѓуетничка и религиозна толеранција.

Маркетиншкиот „Оскар“, односно „Канскиот лав“, во Скопје го носат Сашо Пешев, генерален директор и партнер на агенцијата и Душан Дракалски, регионалниот креативен директор на „Њу момент“, кои вчеравечер се качија на победничката сцена во Кан, заедно со лауреатите од останатите 16 категории. - Се потврди дека за еден сон да стане стварност, потребно е доволно долго да се сонува и многу напорно да се работи. Со оваа награда потврдуваме дека Македонија има вонсериски креативци и големи потенцијали, на кои доколку им се даде вистинската шанса, можат да се борат и да ги победуваат и најкреативните и најдобро платените во светот – вели Пешев. Во регион како Балканот, исполнет со војни, омраза и нетолеранција, спотот го покажува вистинскиот напор на Христијаните и Муслиманите во Македонија да се доближат едни до други, вистински да се запознаат и да се разберат. Во релативно контроверзната тема на истовремено, заедничко верско молење на поповите и на оџите, меѓународното жири во Кан препозна идеја на која ѝ додели една од највисоките награди во светската индустрија на маркетингот. - Шансата за освојување „Лав“ е 1:37000, повеќе шанса има гром да Ве удри. Но, пораката на оваа кампања е моќна, ова е нашиот придонес кон толеранцијата во нашата земја. Вистински луѓе направија реален чекор кон мир, разбирање, почитување едни кон други. Светот ја препозна тежината на овој гест и силината што спотот ја соддржи – изјави Дракалски.

Инаку првите луѓе на компанијата од Белград, браќата Жарко и Лазар Сакан, изјавија дека наградата претставува остварување на сонот кој трае веќе 25 години.

„Како што велеше и нашиот татко, Драган Сакан, ништо не е остварено ако претходно не е отсонувано“ – изјавија тие за српски Б92 вести.

Наградата во својата 60-годишна традиција, за прв пат заминува во рацете на една балканска агенција.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре