20 Декември, 2025
0.0637

Независниот ревизор во небрано! Каде се имотните листови на „Силекс“ за имот вреден 10,3 милиони евра?

Објавено во: Економија 08 Јули, 2025 07:23

Добивај вести на Viber

Освен тоа што нема имотни листови за сопственост врз 87 отсто до имотот, „Силекс“ не извршил ниту обезвреднување на долгорочни вложувања во подружници иако има индиции дека поголем дел од тие инвестиции се обезвреднети

„Силекс“ не поседува имотни листови за утврдување сопственост за недвижен имот со сметководствена вредност од 10,33 милиони евра, констатирала независната ревизија која го анализирала работењето на АД „Силекс“ за минатата година. Ова е една од трите забелешки заради кои независната ревизија издала мислење со резерва во Извештајот на независниот ревизор за „Силекс“ за 2024 година.

Тоа значи дека „Силекс“ не поседува имотни листови за негов имот со сметководствена вредност која е повисока од 10 милиони евра. А според независниот ревизор вкупната сметководствена вредност на имотот е 11,82 милиони евра. Дали тоа значи дека друштвото нема имотни листови за сопственост врз 87 отсто од вредноста на целиот имот? Независниот ревизор нотира дека „Силекс“ не направил тест за обезвреднување на постројките, опремата и недвижностите согласно со сметководствените стандарди.

Во својот извештај независните ревизори нотирале дека друштвото не врши проценка на обезвреднувањето на долгорочните вложувања во придружени објекти согласно со сметководствените стандарди. Станува збор за износ од 1,41 милиони евра, а според извештајот на ревизијата постојат индиции дека поголем дел се обезвреднети.

Според извештајот за сеопфатна добивка приходот на „Силекс“ лани изнесувал 971.000 евра. И тоа е за 50.000 евра подобар резултат од претходната 2023 година. При тоа друштвото остварило добивка, пред оданочување, во вредност од 100.000 евра. Добивката на „Силекс“ лани е на половина од остварувањето во претходната 2023 година.

„Силекс“ е основан со дејност рударско-индустриски комбинат со седиште во Кратово пред повеќе од 70 години. Долгогодишен директор на РИК Силекс беше Љубисав Иванов – Ѕинго, стопанственик кој извршувал високи функции во јавниот, политичкиот и спортскиот живот во Македонија. Неговите деца се наследници на неговите акции во „Силекс“ и се двајца најголеми акционери во таа компанија. Синот Горан Ивановски поседува 36,66 отсто од акциите, а ќерката Розета Димитриевска 27,13 отсто.

Според официјалната евиденција на ЦДХВ во „Силекс“ има вкупно 586 домашни акционери – физички лица кои поседуваат 99 отсто од акциите. Тоа значи дека ако се изземат најголемите двајца акционери, другите 584 лица поседуваат 35,26 отсто од акциите со право на глас.

Последната пазарна цена на таа акција изнесувала 70 денари, а таа е постигната на 26 ноември лани. Тогаш биле истргувани 250 акции од РИК „Силекс“. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба