НИ КАЖУВААТ ДЕКА СЕ ДОБРО, НО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ВИДИМЕ - роднина на еден од преживеаните
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021
Али Селмани, кој дошол во болницата во Бугарија поради неговиот шура кој е еден од повредените во страшната несреќа, денеска во изјава за медиумите истакна дека не им е дозволено да ги посетат.
„Дојдовме поддршка да им дадеме на преживеаните, од вчера сме тука, но ги нема… Немаме увид, не можеме да ги видиме. Ни кажуваат докторите дека тие се добро, во траума се, но вака не ги имаме видено“, вели тој.