НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?
Објавено во: Економија 10 Јули, 2025 19:46
Новоизградените станови во Ирска ќе бидат помали, со помали прозорци, а зградите ќе бидат покомпактни, што укажува на нов концепт на градење во оваа земја. За да се поттикне станбената изградба, владата предлага да се намали прагот за минималната површина на станот и за отворениот простор меѓу зградите, со помалку комунални објекти.
Планот, исто така, вклучува промени во стандардите за прозорците, висината на таванот и бројот на скали или лифтови.
„Новите упатства веројатно во некои случаи ќе резултираат со просечно намалување на трошоците од 50.000 до 100.000 евра по единица“, изјави министерот за домување Џејмс Браун.
Во Ирска, минатата година беа изградени помалку од 30 илјади станови, а планот е до 2040 година да се градат 50 илјади станови годишно, за купување или изнајмување. Проценките се дека бројот на жители ќе се зголеми за еден милион во тој период.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




