18 Декември, 2025
0.0561

Никогаш не била подобра! Како Стопанска банка Битола го стегна ременот и стигна до добивка од 2,65 милиони евра?

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2025 07:35

Добивај вести на Viber

Резултатот лани е дијаметрално спротивен од 2023 година, а добивката е во услови кога менаџментот на банката успеал да ги редуцира речиси сите оперативни трошоци, а да ги зголеми приходите од камати. Но клучот на успехот е во значајното намалување на резервациите за ризични пласмани. Тие лани се за 5 милиони евра помали од 2023 година.

Битолска Стопанска банка има фантастичен финансиски резултат, покажуваат официјалните неревидирани податоци за добивката во 2024 година објавени на веб страницата на Македонската берза.

И таков резултат за почит постигнала во услови кога намалила кредитирање и вложувања во државни хартии од вредност. Оваа банка успеала да ги намали трошоците и преку оптимизација да направи целосен пресврт во корист на своите акционери. Добивката за 2024 година изнесува, за оваа банка, одлични 2,65 милиони евра. Резултатот на банката е дијаметрално спротивен со претходната 2023 година кога Стопанска банка Битола завршила со загуба од 3 милиони евра.

Најголема приходна ставка и лани биле нето приходите од камати. Тие на крај на 2024 година изнесуваат 7,52 милиони евра и се за 186.000 евра повисоки од претходната година. Затоа пак кај втората најголема приходна ставка има намалување од половина милион евра во однос на лани. Нејзините приходи изнесуваат од провизии и надоместоци изнесуваат 1,5 милиони евра во цела 2024 година.

Клучниот катализатор за добивката од 2,65 милиони евра е всушност драстичното кратење на резервациите за обезбедување на кредитните пласмани лани во споредба со 2023 година.

Така лани резервациите за ризични кредити биле 343.000 евра, а во претходната година тие биле повисоки за 5,09 милиони евра. Токму поради тоа и во 2023 година банката ја завршила со загуба од 3,12 милиони евра.

Податоците покажуваат дека лани менаџментот на банката успешно крател трошоци по речиси сите основи. Освен резервациите намалени се и трошоците за вработените и тоа за 256.000 евра, а останатите расходи од дејноста се пониски за 429.000 евра. Намалување од 120.000 евра има и кај амортизацијата.

Сите овие намалени трошоци заедно со драстично намалените трошоци за резервации и позитивниот предзнак на ставката која се однесува на загубата на нефинансиски средства дале добивка од 2,65 милиони евра.

Само за потсетување претходната година мнозинството акционери на оваа банка одбија понуда за превземање што ја добија од „Комерцијална банка“ Скопје.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа