05 Декември, 2025
0.0308

Никогаш не ги исфрлувајте овие работи од вашиот дом

Објавено во: Стил 01 Април, 2019 20:50

Добивај вести на Viber

Експертите велат дека секој од нас, посебно во периодов на пролетно чистење имаме неколку работи кои ги сметаме за непотребни и веднаш ги сместуваме во корпата за отпадоци, притоа да не ги доискористиме. Најчесто овие предмети многу често ги исфрлуваме од домот, но всушност можеме да ги примениме идеално во секојдневниот живот. Еве само дел од многуте такви домашни работи:


Стари чорапи


Какви и да се тие, дали ќе имаат дупче, или пак ќе бидат истенчени или пак едноставно не ви се допаѓаат повеќе не ги фрлајте. Најдобро претворете ги во ракавици за да избришете прашина по полици или ролетни венецијанки.


Кутии за чевли


Не брзајте и со фрлање на старите кутии за чевли. Специјалистите Ве советуваат да ги искористите за понатамошно складирање на чевли, бидејќи според нив така вашиот омилен пар на чевли ќе остане многу подолго време заштитен и многу полесно ќе ги менувате видовите на чевли(чизми, патики, кондури) со менувањето на годишните времиња.


Картонски кутии


Зошто ги фрлате, овие кутии можат да бидат едноставно идеално место за складирање на вашата божиќна декорација - венци, топки и ламби, или пак искористете ја картонската кутија за чување на  Велигденската декорација.


Хартиени кеси


Ако сте си купиле  нецелосно  добро зрело јаболко, едноставно ставете ги јаболката во хартиените кеси и по ден-два ќе имате зрели и вкусни плодови. Не верувате?  Само обидете се!


Весници


Сега ќе ви споменеме еден стар трик: Со весници идеално се чистат прозорци и огледала. Впрочем, тие не оставаат никакви влакна или други остатоци.


Стари берберски сечила


Кога животот на вашиот брич , односно на сечилото е завршен, можете да го дадете вториот. Едноставно извадете го од калапот  и започнете да го користите за  отстранување на  пример на конци кои штрчат на вашата облека. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: