15 Декември, 2025
0.0320

НИКОЈ НЕ Е СЛОБОДЕН ДОДЕКА ДИШЕ ОТРОВ СКРИЕН КАКО „ДЕЛОВНА ТАЈНА“: Зелен Хуман Град ќе го спори Закон за контрола на индустриските емисии пред Уставен суд

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2025 13:40

Добивај вести на Viber

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ ќе го спори пред Уставен суд Закон за контрола на индустриските емисии кој пратениците го донесоа предизборно, а со кој како што велат, може легално да се произведат страшни последици врз здравјето и животите на граѓаните.

„Честит 13 Ноември на сите – освен на пратениците од македонското Собрание! 13 ноември 1944 г. Скопје беше ослободено еднаш. Ќе го ослободиме пак од пратеници кои не читаат, не знаат и не се борат и од партии за кои здравјето на граѓаните вреди помалку од дневна политика. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД започнува Иницијатива за оспорување на уставноста на душманскиот Закон за контрола на индустриските емисии пред Уставниот суд. Паралелно работиме и на конкретни измени на скандалозниот текст кој се усвои без никаков отпор од ниту еден пратеник во Собранието, без критика. Пред точно два месеца, во екот на предизборието и со НИТУ ЕДЕН ГЛАС ПРОТИВ, пратениците го изгласаа најштетниот закон во историјата на Македонија, акт што може легално да произведе страшни последици врз нашето здравје и нашите животи“, велат од „Зелен Хуман Град“.

Додаваат и дека ниту еден пратеник не кренал глас против, или да го оспори овој закон. 

„Од 120 пратеници што требало да нѐ заштитат од овој штетен закон: 0 и со зборови НУЛА решиле да се спротивстават, да гласаат против, да кренат јавна узбуна, да имаат образ пред сите нас и да кажат дека го штитат интересот на јавноста. 22 решиле да не се појават на гласањето. 34 решиле да не се изјаснат дали се за или против. 64 решиле да го поддржат законот. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД продолжува да работи таму каде што институциите капитулираа: со правни иницијативи, со јавен притисок и со бескомпромисна борба за чист воздух, закони во корист на народот, безбедни места за живеење и индустрија без отровни тајни. Никој не е слободен додека дише отров легално скриен како „деловна тајна“, додаваат од иницијативата.


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“