НИКОЈ ВЕЌЕ НЕМА ДА КРШИ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НИЗ ЦЕНТАР: едногласно изгласана одлуката за формирање чуварска служба
Објавено во: Македонија 30 Април, 2025 14:36
По бројните искршени детски и спортски игралишта, како и кантите за отпадоци, но и други штети кои се случуваат во општина Центар, изгласана е одлуката за воведување на чуварска служба.
Иницијативата беше предлог на советникот Ненад Матевски, а неговиот предлог бил прифатен од сите советници.
Според најавите чуварска служба која ќе се грижи за одржувањето на јавните добра на територија на општината, што ќе ги вклучува и игралиштата, клупите, кантите за отпадоци, но и остантата опрема.
Советникот Матевски најави дека екипите на чуварската служба ќе бидат мобилни.
Советникот Матевски при поднесување на иницијативата за воведување на чуварска служба посочи дека со неа ќе се намалат и спречат сѐ почестите кршења и оштетувања на урбаната опрема, детските и спортски игралишта, дрворедите и урбаното зеленило.
- Оваа предлог-иницијатива произлегува од континуираната потреба за подобрување на квалитетот на животот и безбедноста на жителите на Општина Центар. Имајќи го предвид постоечкиот недостаток на доволен број полициски службеници и општински инспектори, сметам дека формирањето на една ваква мобилна служба, која ќе ги покрива сите 17 урбани заедници, ќе претставува значаен чекор напред во заштитата на јавното добро - беше наведено во образложението на одлуката.
Притоа е посочено дека за вработените во „Чуварската служба“, која има обуки од страна на стручни лица за овластувањата, начинот на постапување во различни ситуации, комуникациските вештини и основните правни аспекти потребни за нивната работа.
Службата ќе работи во тесна координација со МВР, ЈП ПОЦ и со општинските служби.
Советникот кој предложи формирање на чуварската служба истакна дека во Македонија веќе има примери на чуварски служби во рамките на одредени јавни претпријатија кои успешно придонесуваат кон заштита на јавното добро, како што е Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми, како и, националните паркови како Маврово и Пелистер.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




