05 Декември, 2025
0.0638

Николас Кејџ чека дете со 30-години помладата сопруга: Актерот го откри полот на бебето и кое име го одбрале

Објавено во: Стил 23 Април, 2022 08:15

Добивај вести на Viber

Кејџ ја запознал својата сопруга во нејзината родна Јапонија во 2020 година, а набргу потоа таму се вериле преку Фејсбук.

Николас Кејџ и неговата 30-години помлада сопруга Рика чекаат дете, а легендарниот холивудски актер за прв пат проговори за полот на бебето и откри како ќе се вика.

Имено, тој како гостин во една емисија признал дека во нивниот дом доаѓа неговата ќерка.

- Ќе добиеме девојче - рече тој, а публиката го награди со аплауз.

Нешто подоцна, тој открил дека девојчето ќе се вика Ленон Оги, по покојниот Џон Ленон и таткото на Кејџ, Оги Копола. Тој се присети на времето кога неговиот татко бил диџеј и ја свирел песната на Битлси „Across the universe“. Актерот имал четири години кога првпат ја слушнал песната и истакнал дека останал закопан на тоа место и дека оттогаш му е омилена песна.

Да потсетиме, Кејџ ја запозна својата сопруга во нејзината родна Јапонија во 2020 година. Набргу потоа таму се верија преку Фејсбук, а се венчааминатата година, на 16 февруари.


Фото: Youtube -screenshoot- N.B.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: