20 Декември, 2025
0.0396

Николче Димоски, FXLider: Не се очекува дека утрешниот извештај за инфлација во Америка ќе го погоди пазарот

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2013 10:23

Добивај вести на Viber

Експертите на FXLider секоја недела за Вас ги анализираат најзначајните случувања кои можат да имаат најголемо влијание на светскиот финансиски пазар. 1.       Можете да ни објасните за каков извештај станува збор? Во среда ќе биде објавен извештајот за инфлацијата во Америка. Висината на инфлацијата или индексот на раст на малопродажните цени се објавува месечно и ја мери просечната промена на цената на корпата на потрошувачките добра и услуги како што се транспортот, храната и медицинската нега. Многу е важно да се разбере односот на инфлацијата и каматните стапки за да се сфати како инфлацијата влијае на финансискиот пазар. Високата инфлација влијае на растот на каматната стапка, а високите каматни стапки ги прават кредитите поскапи. Кога ќе паднат каматните стапки, потрошувачката помеѓу жителите расте и со тоа се потикнува економскиот раст. Инфлацијата е еден од најзначајните економски индикатори, а голем број други индикатори ги креираат своите вредности на нејзина база. 2.       Зошто е битен овој извештај? Важноста на овој извештај се огледува во тоа што Федералните резерви, кои управуваат со монетарната политика на САД, поставиле јасна цел дека ќе ги држат ниско каматните стапки, со финансиски поттик на стопанството се додека стапката на инфлација е под 2,5%. Инфлацијата на некој начин во тој случај е клучна за понатамошните одлуки во врска со каматната стапка. Со сменување на каматните стапки  централните банки пробуваат да постигнат максимална вработеност, стабилни цени и раст, но со тоа влијаат и на инфлацијата и да не дојдат во ситуација смалената каматна стапка да доведе до обезвреднување на парите, мораат внимателно да ја следат и со неа да ги ускладуваат каматните стапки. 3.       Како реагираше пазарот на претходното објавување на овој извештај? Претходниот извештај објавен е на 30. октомври. Откако е објавено дека инфлацијата остварила помал пораст од прогнозираниот, долар индексот во следните два дена пораснал 1,88%, што генерално значи дека доларот заради ниската инфлација зајакнал према останатите валути. 4.       Што се очекува дека ќе се случи со пазарот после објавувањето на извештајот? Овој пат не се очекува промена. Меѓутоа ако не се остварат прогнозите и извештајот за инфлацијата изненади со пораст или пад, можно е дека долар индексот повторно ќе реагира. Долар индексот претставува вредност на доларот во однос на корпата на најјаки светски валути и со самото тоа има директно влијание на вредностите EUR/USD, GBP/USD, USD/JPY, USD/CHF, AUD/USD, USD/CAD и посредно влијание на цените на златото и нафтата. Николче Димоски, сениор експерт FXLider

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии