22 Ноември, 2024
0.0280

Николина Таневска, извршен директор на СН Осигурителен Брокер: Жените со знаење и моќ ги рушат предрасудите во бизнис сферата

Објавено во: Економија 08 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Важно е да се поткрене свеста за улогата на жената, а посебно да се истакне дека нејзиниот труд треба да биде подеднакво вреднуван и ценет, како и на мажите, вели Николина Таневска, извршен директор на СН Осигурителен брокер АД Битола, додавајќи дека во компанијата околу 70 отсто од вработените се жени со што се потврдува дека не се прави разлика меѓу машкиот и женскиот труд, туку дека единственото што се цени е знаењето, компетентноста, посветеноста и резултатите кои се постигнуваат.

СН Осигурителен Брокер АД Битола е најголем брокер на пазарот на осигурувањето во државата по број на експозитури и вработени, меѓу кои голем број се жени. Какви се најновите показатели за деловните резултати?

Таневска: Изминатата година беше уште една успешна година за друштвото, со што го задржуваме континуитетот од седум успешни години во осигурителниот сектор во Македонија. Во изминатава година, работевме како секогаш - со многу посветеност, стручност и слух за потребите на нашите клиенти. Тоа се гледа и во финансиските резултати, односно СН осигурителен Брокер АД Битола ја заврши 2021 година со позитивен финансиски резултат од 59.314.946 денари. Друштвото во текот на 2021 година оствари блиску 800.000.000 бруто полсирана премија. Она што за нас е исклучително значајно и за што вложивме голем труд изминатите години е заземањето и одржувањето на  лидерската позиција на пазарот во однос на полисираната премија и бројот на склучени полиси и во текот на целата 2021 година.

Со гордост истакувам дека изминатата година ни помина во знак на успешно реализирање на корпоративната обрзницата. Со овој чекор, компанијата стана првиот правен субјект од нефинансиски сегмент на националната економија која издава долгорочни хартии од вредност-корпоративна обврзница.

Со истата посветеност на сите вработени продолжуваме да бидеме партнер во кој нашите клиенти можат безрезервно да веруваат.


Колку од вработените се жени и каков е нивниот удел во успесите на компанијата?

Таневска: Со оглед на тоа дека улогата на жените во бизнис сферта  станува сè поголема и позначајна СН Осигурителен Брокер АД Битола ја цени еднаквоста и ги препознава квалитетите и вредностите на кадарот во деловната средина, независно од полот. Важно е да се поткрене свеста за улогата на жената, а посебно да се истакне дека нејзиниот труд треба да биде подеднакво вреднуван и ценет, како и на мажите, кога станува збор за деловната сфера. Во СН Осигурителен Брокер АД Битола околу 70 отсто од вработените се токму жени со што се потврдува дека тука не се прави разлика меѓу машки и женски труд, туку дека единственото што се цени е знаењето, компетентноста, посветеноста и резултатите кои се постигнуваат, дека еднаквоста на вработените е независна од полот и е дел од деловната култура на компанијата. Полот во нашата компанија никогаш не е мерило за работењето и ангажирањето. Се чувствувам рамноправно, и таквото чувство произлегува од изградениот професионален интегритет, јасно поставените лични принципи и сочуваната слобода да се избира и да се одлучува.

Менаџерската позиција, особено во еден динамичен сектор како што е осигурувањето има и свои специфики. Kои вредности го дефинираат вашиот однос кон работата?

Таневска: Професионалност, посветеност, одговорност и одлучност. Одговорноста ја поврзувам за својата функција и сериозноста со која ѝ пристапувам. На отвореноста мислам на  тимот со кој работам. Иако сум на извршна  позиција, сепак во својата работа редовно се потпирам на тимот што го имам и со којшто работам. Горда сум што имам одличен тим на вработени и соработници со кои заедно градиме успеси. Покрај тимската работа, како многу значајни вредности би ги издвоила и иницијативноста и храброста да се донесат одлуки што ќе се покажат правилни и корисни.


Вие сте дел од СН Осигурителен брокер од самите почетоци на друштвото пред седум години. Кои се основите за таа лојалност?

Таневска: Долгогодишното искуство во една област, следењето и влијанието на развојот на компанијата во сите нејзини фази, од почетното воспоставување во исклучително регулирана дејност, до поставувањето во соодветна организација и избор и развој на кадри, можноста за стратешки поглед, иницијативата во предлагањето решенија на повисоко ниво на одлучување, функционалноста, ефикасноста и ефективноста, воспоставувањето здрави и долгорочно одржливи врски во рамките на тимот се дел од причините  што сум дел од  топ менаџменот на СН Осигурителен Брокер.

Кои се според вас најголемите предности за една компанија да има што повеќе жени во својот топ менаџмент?

Таневска: Ние како компанија и понатаму ќе се залагаме за урамнотежен менаџмент. Ќе продолжиме да ја негуваме деловната стратегија во која не се прави разлика меѓу машки и женски труд, туку единствено луѓето се вреднуваат според знаењето, компетентноста, посветеноста и резултатите.

Со оглед на тоа што 70 отсто од вработените во СН Осигурителен брокер се жени, а компанијата од година во година бележи се подобри деловни резултати, јасно е дека учеството на жените е мошне значајно. Тие се добри организатори, посветени, високо едуцирани и насочени кон постојан напредок и развој.

Со оглед на тоа што жените, секојдневно се борат со стереотипи поставени од општеството и рушат предрасуди во бизнис сферата со своето знаење и моќ, заслужуваат да бидат ценети за секој нивни труд. Ние тоа многу добро го знаеме и го практикуваме, не само на 8 март, туку секој ден во годината.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria