28 Октомври, 2024
0.1729

Николоски: На новите дестинации ќе се лета за 40 до 60 евра

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

За министерот за транспорт Александар Николоски првите резултати од владината подршка за нови авиолинии, а особено важно е што ќе има директни летови од Охрид до Истанбул и од Скопје до Дубаи.

„Имаме шест нови ексклузивни линии, а особено ми е драго затоа што охридскиот аеродром го отвораме за еден од најголемите аеродроми во Европа, аеродромот во Истанбул кој претставува аеродром со наголем број конекции кон Еворпа и светот, истакна заменик претсдателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Тој потенцираше дека ова е огромна можност за зголемување на туризмот посебно во охридскиот регион и додаде дека оваа линија кон Истанбул, вклучувајќи ја и новата линија Охрид – Базел Милхаус – Охрид, ќе даде нов инпут за развојот на авиосообраќајот имајќи предвид дека имаме голема дијаспора низ Европа и светот но и можност за граѓаните од Албанија да ги користат новите линии од охридскиот аеродорм.

Во однос на скопскиот аеродром за мене најзначајна е дестинацијата Скопје - Дубаи бидејќи сметам дека Македонија треба да ја отвораме кон средниот и далечниот Исток, има многу можноста за водење бизнис, македонските компании да продаваат на тој пазар, а и инвеститори да доаѓаат во Македонија. Со оваа директна линија значи отворање на многу точки кон Азија“, смета меѓудругото Николоски. 

Тој е сигурен дека многу граѓани ќе ја користат и Барселона како годишна, а не сезонска дестинација,а преку Лион има можност да доаѓаат туристи од Франција.

Во однос на цената, тој потенцираше дека очекува цените на билетите да бидат достапни за граѓаните меѓу 40 - 60 евра, а дека има интерес за нови дестинации потврди дека веќе во ноември ќе се распише и втор јавен повик за финансиска подршка каде се очекува отворање на уште четири до пет нови дестинации. 


Можеби ќе ве интересира

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

Гувернерката на Народна банка смета дека инфлацијата е ставена под контрола

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ БЕШЕ ОГРАБЕН, ПА КОМПЛЕТНО СЕ РАСПАДНА: А имаше десет фабрики во Америка и беше симбол на Југославија

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

ДАЛИ Е ТАЈНАТА ВО ПРОДАЖБАТА НА БРИКОЛАЖ НА ЛИДЛ, ИЛИ? - како чистиот профит на „Скопски пазар“ достигна 5,7 милиони евра за девет месеци

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

Поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ нанижа три тендери со нова фирма

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите