Николовски им даде ветер во грб на овоштарите чии праски завршија на депонии
Објавено во: Агробизнис 22 Јуни, 2017 07:30
Министерот за земјоделие со вончовечки напори бара деновиве решение за проблемите со кои се соочуваат овоштарите.
Поради ниската откупна цена и немањето пласман изминативе денови праските од Росоман од кои поголемиот дел се со лош квалитет завршија на депонија и расфрлани по улици.
Министерот вчера им даде ветер во грб на овие земјоделци. Тој посочи дека сериозно се разгледуваат сите нивни барања и ја повтори одлуката за дополнителните шест денари субвенции со која ќе им се помогне на овоштарите со демант дека се увезуваат праски.
Николовски посочува дека во изминатите години не е направено ништо и во однос на исплатата на штетите од неповолните временски услови како и од годинашното измрзнување.
Првиот човек на земјоделството вети дека ќе се надмине и проблемот со АД водостопанство каде што е во тек смена на раководната структура откаде правеа проблеми во однос на пуштањето на системот за наводнување и со водата што допринело за лошиот квалитет на праската.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





