Николовски: Имаме проект за потекло на имот на сите функционери во изминатите 30 години
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2020
Потпретседателот и носител на изборна единица 4, Александар Николоски од посета во општина Прилеп изјави дека во нивната програма „Обнова на Македонија“ сериозно ќе се посветат на зачувување на македонското национално достоинство, понатаму силен економски развој во Македонија дури и во вакви услови на корона криза, со зголемување на просечните плати за 25 проценти, пензиите во просек за 20 проценти, а најниските пензии и многу повеќе од тоа.
Вети рекордно ниско ниво на даноци од само 8 проценти, дополнително привлекување на странски и домашни инвестиции кои што запреа во овие три години, силна битка со организираниот криминал и корупција и проект за потекло на имот на сите функционери, политичари и останатите јавни функционери во изминатите 30 години.
Николоски го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев да одговори пред македонската јавност дали може да го докаже потеклото на своето богатство, но и богатството на неговото семејство.
„Сакам јавно да го повика Зоран Заев наместо да се заканува во напад на очај заради резултатите кој што и тој ги гледа и енергијата што стига, да одговори пред македонската јавност дали е спремен да покаже и докаже дека може да одговори од каде потекнува неговото богатство и богатството на неговото семејство, кое што во овие 18 години колку вкупно до денес Зоран Заев е на јавна функција стана најбогато семејство на Балканот“ – рече тој.
Тој рече и дека СДСМ во 2019 година донеле закон штетен за тутунарите од прилепско, бидејќи со законот за тутун се дозволувало узвоз на тутун пред да се откупи домашниот тутун.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.