Никому не враќајте му зло за зло: Кога некој сака да ве понижи-направете го ова!
Објавено во: Стил 21 Февруари, 2019 14:21
Добро прочитајте и запамтете ја оваа приказна, па кога забележите дека некој сака да ве навреди или понижи, направете го ова и ќе излезете од целата ситуација како победник!
Постоел еден монах кај кој по совет доаѓале луѓе од најоддалечените краеви а важел за личност која секогаш е смирена и за човек кој е невозможно да го навредите.
За тоа слушнал некој злобник и одлучил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и веднаш штом го здогледал почнал да го навредува и понижува најлошо што можел. Откако останал без навредливи зборови, на момент застанал и вчудоневиден сфатил дека монахот и понатаму е смирен и прибран како и пред неговото доаѓање.
Тоа страшно го изнервирало злобникот, па продолжил да пцуе уште полошо од почетокот, но залудно-изгледа дека тоа до мудрецот воопшто не допирало.
Кога останал без пцовки и ја изгубил целата енергија, човекот одлучил да му пријде на монархот и да ја дознае неговата тајна.
„Ги разбирам јас тие ваши духовни тајни и како, не ви е грижа што другите луѓе мислат и говорат, но јас те понижив и навредив, треба да научиш дека мораш да се бориш за себе“, му рекол човекот.
„Синко, може ли јас да ти поставам само 2 прашања?“-го запрашал монахот проговорувајќи за прв пат.
„Секако“, рекол човекот.
Ако ти мене ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, на кој тој подарок и понатаму му припаѓа“?, запрашал мудрецот.
„Па, ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и понатаму ми припаѓа мене“, одговорил злобниот човек.
„А сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреда а јас не ја прифатам, на кој таа и понатаму му припаѓа?“, заклучил мудрецот, се свртел и си отишол, а злобникот останал во чудо.
Никому не враќајте му зло за зло, настојувајте околу добра не само пред Бог, туку и пред сите луѓе. Ако е можно, колку е до вас, имајте мир со сите луѓе.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





