27 Април, 2024
0.0741

Нимиц од Атина ја почнува новата „турнеја“ за името

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Метју Нимиц од главниот град на јужниот сосед ќе ја започне новата „турнеја“ како дел од преговорите за разликите околу името. Медијаторот на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција за спорот со името Метју Нимиц денеска и утре ќе биде во Атина и ќе ги продолжи разговорите со државниот врв на Грција за неговиот иницијален пакет за решение на проблемот што оваа земја го има со уставното име на Македонија.

Минатата недела на Светскиот економски форум во Давос премиерите Заев и Ципрас ја имаа првата средба на која се разговараше за проблемот со името. Според изјавите, на таа средба се договорени одредени отстапки од двете страни, а разговорите ќе продолжат на ниво на шефови на дипломатии. Меѓу нив се преименување на автопатот и аеродромот Александар Велики, додека пак Грција ќе се обврзе за поддршка на европските интеграции на Македонија и ќе се заложи за поголема трговска размена.

Од среда Нимиц доаѓа во Скопје на средби до македонскиот државен врв. Премиерот Заев, претседателот Иванов, министерот за надворешни Димитров, како и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски и Ахмети, остварија лидерска средба на која се усогласуваше позицијата на македонскиот политички врв токму за предложената рамка од медијатерот Нимиц дадена во Њујорк на последниот состанок со преговарачите Василакис и Наумовски.


Можеби ќе ве интересира

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот