05 Декември, 2025
0.0384

Нимиц со терминот „Македонија“ за решението ги побесна грчките десничари

Објавено во: Анализа 17 Јануари, 2018 07:16

Добивај вести на Viber

Медијаторот назначен од Обединетите нации Метју Нимиц, во интервју за грчката ANT1 а телевизија истакна дека терминот „Македонија“ ќе биде дел од предлозите за конечното решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Ваквиот предлог ги побесна грчките десничари и националисти кои се пожестоко го истакнуваат ставот дека Македонија е грчка и дека македонската нација не постои туку е фабрикација на Тито и Сталин по Втората светска војна.

Ваквиот став го дели министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос кој предлага да се користи терминот „Вардарска“ што е дел од називот кој го користело Кралството на Југославија за денешната територија на Република Македонија.

Исто така доста жестоки реакции стигнуваат и од поранешниот грчки премиер Костас Караманлис кој потекнува од северот на Грција, регион кој грчките власти го именуваа Македонија. Тој одржал повеќе средби со истакнати личности со цел да се изврши мобилизација и да не се дозволи прифаќање на формула за името во кое ќе се содржи терминот „Македонија“.

Ваквиот развој на настаните во Грција е сосема очекуван бидејќи секогаш грчкиот национализам, шовинизам и радикализам се базирал токму на македонското прашање, а бројни грчки политичари изградија цели кариери напаѓајќи ја Македонија. 

Засега нема конкретни изјави од грчката влада предводена од социјалистот Алексис Ципрас кој истакна само дека се посветени на престојните разговори.

Денеска во Њујорк ќе се одржи нова рунда на разговори меѓу македонскиот претставник Васко Наумовски, грчкиот претставник Василакис и медијаторот Метју Нимиц, а потоа разговорите се очекува да се издигнат на министерско, па дури и премиерско ниво на маргините на Светскиот економски форум во Давос каде треба да се одржи средба меѓу Заев и Ципрас.

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени