Нинџа: Се собираа 200.000 евра за протестите и водачите Дамовски, Бетмен и Дурловски
Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2020
Александар Василевски на денешното рочиште за организирање на крвавите протести во Собранието на 27 април сведочеше дека бил присутен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде што, како што вели тој, пари за движењето „За заедничка Македонија“ и неговите водачи.
„Но, Груевски не направи влада. Штабот на ВМРО-ДПМНЕ измисли протести ‘За заедничка Македонија’ со фиктивни водачи да глумат пред народот дека се водачи. На повик на Кирил Божиновски и Владимир Атанасовски, отидов во штабот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Бошкоски. Се расправаа за пари, земени од некоја провизија. Требало кај Божиновски да се дадат, за раководството на партијата, а ги зел Александар, портпарол или шеф на кабинетот, кој беше во просторијата. Александар молеше да му дадат време да ги соберат. Се работеше за 200 илјади евра. Парите беа за протестите и за водачите: Борис Дамовски, Бетмен и Игор Дурловски. Тие секој ден доаѓаа да добиваат инструкции што да му зборат на народот и каде да се движат. Со Дамовски доаѓаше жена Иванка“, рече поранешниот организатор на овие протести познат во јавноста по прекарот Нинџа.
Рече и дека за масовноста на протестите бил задолжен поранешниот владин секретар Кирил Божиновски Обвинети за организацијата на нападот во Собранието се поранешниот спикерТрајко Вељаноски, екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, како и поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.
Василевски меѓудругото рече дека на протестите доаѓале и луѓе на Оливер Спасовски, а имале и задачи да се следат Лазе Велковски и Јовче Ременски.
„А на аналитичарот Алберт Муслиу, му влегоа тајно од УБК дома, му отклучија кога немаше никој, му ставија во домот видео-камера“, рече Нинџа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.