НИШ НУДИ БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ: Нови Сад ќе донира 10 милиони динари

Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 18:39
Во српскиот град Ниш луѓето оддаваат почит за загинатите во пожарот во Кочани, a градот со одлука нуди бесплатно сместување за семејствата на повредените
Здружението на граѓани на македонското национално малцинство „Вардар“ од Ниш, во соработка со Националниот совет на Македонците во Србија, организираше палење свеќи и потпишување во Книга на жалост. Претседателот на Здружението на Македонците „Вардар“ Ниш, Благе Петрушевски, изрази длабоко сочувство со народот на Северна Македонија, објавија локални медиуми. Градот Ниш се стави на располагање на семејствата на загинатите и повредените во разорниот пожар што однесе 59 животи во Кочани.
На седницата на Градскиот совет е донесена одлука да им се обезбеди бесплатно сместување во институциите на системот, а градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ истакна дека ќе биде пружена сета потребна помош за погодените семејства да се чувствуваат безбедно и згрижени.
„Горд сум и што ние како град Ниш можеме да помогнеме. Денеска на Градскиот совет донесовме одлука да препорачаме одредени институции во системот да сместат семејства на настрадани во пожарот. Во моментов имаме двајца пациенти во Воената болница и еден во Клинички центар. Мораме да им се ставиме на располагање и да им обезбедиме се што им е потребно. Сега не зборувам само како градоначалник, туку и како човек. Најважно е да се види што им треба на овие луѓе и нивните семејства во овој момент“, рече тој.
Павловиќ утрово ги посети повредените во пожарот во дискотека во Кочани во Воената болница во Ниш. Градоначалникот Павловиќ на младите им посака брзо закрепнување и рече дека градот Ниш е тука да им помогне на нив и на нивните семејства во се што прават.
Како што кажа директорот на Воената болница во Ниш, полковник Небојша Ѓениќ, двајцата се млади момчиња на возраст од 17 и 25 години. Нивната моментална состојба е стабилна и покрај тешките повреди и изгорениците од втор и трет степен.
Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари (колу 5 милиони денари) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани.Тоа го изјави градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, додавајќи дека средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на Град Нови Сад.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Седум полициски службеници од Штип и Кочани добија притвор од 30 дена

БАРАЛ МИТО ОД 13.000 ЕВРА: Уапсен е раководител на секторот за урбанизам во Општина Маврово - Ростуше

МИЦКОСКИ: МВР ќе донесе уредба да нема повеќе употреба на пиротехнички средства во затворен простор

МИТЕВА: Државните институции и приватниот сектор во Кочани да ги ослободат вработените

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе југоисточниот дел

ЗАБРАНА ЗА ЛЕТАЊЕ ДРОНОВИ: Ова се однесува за осум општини

ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ШТИП И КОЧАНИ: Одат во 30 дневен притвор

ПРЕЖИВЕАН ОД ПОЖАР ВО ДИСКО ВО БУКУРЕШТ: На Македонците можеме да им пренесеме како се рехабилитиравме

НОВИНАРИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ЕТИЧКИТЕ ПРИНЦИПИ: Ова е протоколот за утре
