ФАКТОР НА ДЕНОТ: Седум полициски службеници од Штип и Кочани добија притвор од 30 дена

Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 21:43
СЕДУМ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ШТИП И КОЧАНИ ОДАТ ВО ПРИТВОР
Седумте полицајци од Штип и Кочани одат во притвор.
Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство против 7 лица, службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесoa решенија со кои:
„Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите 7 осомничени, им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и точка 3 кај одредени осомничени, односно Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и Околности кои укажуваат дека може да го повторат делото.ЗАБРАНА ЗА ЛЕТАЊЕ ДРОНОВИ
Забрана за вршење операции со дронови е издадена за територија на осум општини.
Oва се однесува за Кочани, вклучувајќи ги и селата Оризари, Тркање и Зрновци, Штип со околните места, Општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги селата Соколарци и Чифлик, Струмица со околните места, Пробиштип со околните места, Македонска Каменица со околните места, Виница, вклучувајќи го село Митец и Скопје – гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петров, гробиштата во село Горно Лисиче и во село Горно Нерези.
ЗА УТРЕ ИМА И ПРОТОКОЛ ЗА НОВИНАРИТЕ
Утврден е безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани.
Владата на Република Северна Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите
Тошковски Кривични пријави за 34 физички лица, истрагата трае и понатаму

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

СЕГА БУЛДОЖЕР. СРАМНЕТЕ ТОА ШТАЛАТА СО ЗЕМЈА, ТРАГА ДА НЕ ОСТАНЕ ОД ТОЈ ПЕКОЛ: Лукреција Маљковиќ- Атанасовска ја трогна јавноста со порака за несреќата

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, НО И ЧЛЕН НА ДНК СЕ МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ - обвинителот Љупчо Коцевски со опсежни детали за несреќата
